1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ: Битка против корените на тероризмот

Кај-Александер Шолц/бг1 јуни 2016

Сеопфатен пристап во борбата против тероризмот е фокусот на дводневната конференција на ОБСЕ. За да се постигнат резултати, мора да се преземат мерки онаму каде заканата од радикализација е најголема.

https://p.dw.com/p/1Iy9J
Фотографија: picture-alliance/dpa/B.v.Jutrczenka

Од почетокот на годинава, Германија ја предводи ОБСЕ, а шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер е актуелен претседавач. На крајот на 2015, Штајнмајер рече дека една од целите на германското претседавање ќе биде зајакнување на улогата на ОБСЕ како платформа за дијалог.

Под тоа мото и се одржа дводневната конференција на ОБСЕ во Берлин, на која главна тема беше борбата против тероризмот, но и начините за превенција од него. Некои земји ги ставија сите ресурси на репресивни мерки, но борбата против тероризмот бара сеопфатни мерки, смета Штајнмајер. Сите нивоа на тероризмот треба да се земат предвид, вклучително и методите на регрутација, причините за радикализацијата и превентивните мерки.

Еден пример за тоа е размената на податоци за патниците во авионите. Само 20 од 57 членки на ОБСЕ во моментов соработуваат на оваа тема.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезие откри и нови статистиски во врска со феноменот. Досега, 810 жители на Германија ја напуштиле земјата и ѝ се приклучиле на т.н. Исламска држава. „Доколку се вратат, тие претставуваат јасна опасност“, рече тој, дополнувајќи дека во исто време расте и салафистичкото движење во Германија.

Deutschland Berlin Antiterrorismus-Konferenz de Maiziere u. Steinmeier
Томас Де МезиеФотографија: picture-alliance/dpa/B.v.Jutrczenka

Интернетот не е виновен

Долго време се сметаше дека интернетот е виновен за растечката радикализација, но рече Де Мазие, сега е јасно дека всушност „луѓето се главниот активатор“. Притоа, интернетот го забрзува процесот на радикализација. Важно е да се набљудува и опкружувањето кое произведува терористи, паралелно со „поострите мерки“. Антитерористичките мерки треба да бидат репресивни и превентивни, национални и меѓународни, во исто време. Употребата исклучиво на репресивни мерки не носи резултати.