1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обновливите извори на енергија го загрозуваат бизнисот на коцерните

8 септември 2008

Големите енергетски коцерни заработуваат многу пари, а преориентацијата кон обновливи извори на енергија би ја загрозило нивната егзистенција.

https://p.dw.com/p/FAeC
Соларни колекториФотографија: picture-alliance/dpa

Независното здружение Еуросолар веќе 20 години се бори за целосна замена на струјата од атомски централи, јаглен и гас со енергија од обновливи извори. Таму се свесни дека против себе имаат моќни противници - големите концерни со најдобри врски со политиката.

„Можеме да констатираме дека дистрибутерите на конвенционална енергија повеќе од еден век, не само во Германија, се тесно поврзани со владите, кои играат според нивна свирка - делумно затоа што добиваат пари од нив, делумно и оти од научници - енергетичари, кои во голем дел се платени од енергетското стопанство, се наговорени дека нема алтернатива за денешната енергетска понуда“ - вели Херман Шеер, инаку веќе 28 години социјалдемократски пратеник во Бундестагот.

Последица се зависност на цели национални економии од нафта, гас, јаглен и атомски централи, спорови и војни за природните резерви, и се’ поголем страв од секнување на тие извори. Големите енергетски концерни заработуваат многу пари, а преориентацијата кон обновливи енергии би го загрозило, дури и би го уништило деловниот модел на петролејските концерни. Како ќе се стеснуваат ресурсите, така ќе растат трошоците за нафта и гас ќе растат, а со масовно производство ќе се намалуваат трошоците за соларна техника. Мали постројки можат да заменат многу големи централи. Крајно е време за брз премин, оти сонцето и ветрот ставаат бесплатно на располагање повеќе енергија, отколку што му е потребна на човештвото.

„Огромниот потенцијал, кој на планетава дневно и’ испорачува 15 илјади пати повеќе енергија отколку дневната потрошувачка од атомски и фосилни енергии, може да биде искористен со технологијата што веќе денес ја имаме. Теориски, можеме преку ноќ да извршиме смена на изворите на енергија“, нагласува Херман Шеер.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема