Обама на дофат на претседателска кандидатура?
21 мај 2008Реклама
По двата предизбора кај американските демократи во сојузните држави Кентаки и Орегон, сенаторот Барак Обама смета дека е на дофат неговата цел да биде номиниран за претседателски кандидат на неговата партија. Во говорот во сојузната држава Ајова, тој им се заблагодари на своите приврзеници за поддршката: „Нашиот пат можеби е долг, нашата работа ќе биде голема, но во нашите срца знаеме дека сме подготвени за промени.“
Според последните проценки, Обама победи во Орегон со 58 проценти гласови. Наспроти тоа, Хилари Клинтон победи во Кентаки со 65 насто гласови. Во вкупниот број кај делегираните и кај таканаречените супер - делегирани, Обама е во јасно водство.