1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ги вклучи сијаличките на елката пред Белата куќа

ЕМФ / дв
2 декември 2016

Американскиот претседател Обама, заедно со сопругата Мишел и ќерката Саша, ги вклучи сијаличките на елката пред Белата куќа. Церемонијата е стара повеќе од 90 години.

https://p.dw.com/p/2Tdff
Symbolbild Weihnachten
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache

Церемонијата пред Белата куќа, која е стара повеќе од 90 години, беше проследена и со музика. Настапија Кели Кларксон, Марк Ентони, Џејмс Тејлор и други. Низ вечерта водеше актерката Ева Лонгорија.

Обама ритуалот го искористи за да апелира до своите сонародници да се однесуваат кон другите со љубов и почит, независно од верата и потеклото.

Елката пред Белата куќа свети