Нова студија: ги убиваме ли нашите пчели?
30 јуни 2017Неоникотиноидите се најкупуваните инсектициди во светот бидејќи особено ефикасно помагаат во справувањето со штетните инсекти. Тие ги заштитуваат насадите, корисните растенија- значи зеленчукот, житото, овошјето итн.
Но исто толку се и спорни, бидејќи неоникотиноидите имаат една голема маана: тие многу им наштетуваат и на пчелите, велат научниците.
Најновата студија спроведена од научници од Германија, Велика Британија и Унгарија покажува дека повисоки концентрации од овие инсектициди делуваат дури и смртоносно за медоносните пчели, дивите пчели и бумбарите. Веќе и најмали дози пак делуваат врз меморијата на пчелите и тие се однесуваат дезориентирано. Долготрајното постепено изумирање на пчелите ширум светот веќе долго време преставува вистинска мистерија за научниот свет. Дали оваа најнова студија нуди одговор? Повеќе во следново видео: