1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рунда преговори за името

6 август 2008

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во грчко македонскиот спор за името, Метју Нимиц на 14 и 15 август во Њујорк ќе одржи консултации со преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.

https://p.dw.com/p/ErFf
Нимиц: медијаторот во нов обидФотографија: Petr Stojanovski

На почетокот на септември Метју Нимиц се очекува да допатува и во Скопје и Атина, на средби со лидерите на Грција и Македонија.

Од македонска страна на преговорите во Њујорк не се очекуваат значителни поместувања напред, со оглед на тврдата позиција на Грција којашто ја потврди и шефицата на грчката дипломатија.

Евентуалниот нов предлог треба да дојде за време на посетата на Нимиц на регионот, по што откако двете страни ќе го разгледаат, би започнале детални преговори со учество и на шефовите на дипломатиите, Бакојани и Милошоски.