1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рација против десни екстремисти

29 јули 2011

По акцијата против радикални десничарски групи во германската покраина Бадем Виртенберг сега полиција спроведе рација и во покраината Саксонија. Овие операции се посредна реакција на масакрот во Норвешка.

https://p.dw.com/p/125wt
Фотографија: dapd

Во полициска рација во германската покраина Саксонија се претресени становите на 22 лица на возраст меѓу 18 и 30 години. Тие се сомничат за членство во десно-екстремистичката група „Терор кру мулдентал.“ Според властите, станува збор за криминална група, која меѓу другото се обвинува за ксенофобија и насилни деликти. Претходно слична полициска офанзива беше изведена и во градот Штутгарт.

Автор:ТТ/АТ/дв

Редактор: Симе Недевски