1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова Вишеградска група на Балканот?

СН/ агенции
4 октомври 2017

На самитот на четирите држави од југоисточна Европа во Варна е заклучено дека треба да се забрза интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Договорено е и зголемување на обемот на регионалната соработка.

https://p.dw.com/p/2lAx9
Bulgarien Varna Treffen
Фотографија: picture-alliance/abaca/I. Radoykov

Важните балкански земји би требало да работат на просперитетот на регионот и да се залагаат за што е можно побрз прием на Србија во ЕУ. Околу тоа се сосгласија шефовите на владите на Грција, Романија и Бугарија: Алексис Ципрас, Михаил Тудосе и Бојко Борисов, и претседателот на Србија Александар Вучиќ - на синоќешниот состанок во бугарското црноморско одморалиште Варна. „Факт е дека претседателот на Србија меѓу нас покажува оти ние знаеме дека природно место на земјата е во ЕУ“, рече бугарскиот премиер Борисов. Учесниците на самитот најавија оти ќе се потрудат процесот за пристапување на Србија во ЕУ да биде забрзан.

Тоа би требало да биде и една од темите на самитот на ЕУ кој би требало да биде одржан во првата половина на 2018 година во Бугарија која претседава со Советот на оваа организација. „Согласни сме дека Балканот треба да стане пример во Европаза мир, стабилност и напредок“, кажа уште Борисов. „Нашите четири држави би можеле да имаат супстанцијална улога во развојот на регионот“, нагласи грчкиот премиер Ципрас. А Александар Вучиќ меѓу останатото рече: „За нас мирот и стабилноста се најважни.“

Bulgarien Varna Treffen
Фотографија: picture-alliance/abaca/I. Radoykov

Наредниот ваков самит би требало да биде одржан во Белград. „Тоа не е почеток на една нова Вишеградска група“, рече Бојко Борисов, „туку ние сакаме да ѝ помогнеме на Европската унија“. А шефот на романската влада Тудосе изрази уверување дека неговата земја како и Бугарија наредната година би можеле да пристапат кон  Шенген зоната. „Ние сме острови на стабилноста и безбедноста“, рече овој политичар кој заедно со Борисов отвори и нов граничен премин меѓу Романија и Бугарија. Учесниците на состанокот разговараа и за регионални инфраструктурни проекти, а Романија и Бугарија потпишаа пет билатерални договори.