1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите надежи на Мајкрософт во Виндоус 10

Харди Граупнер/бг30 јули 2015

Мајкрософт од вчера го нуди новиот оперативен систем Виндоус 10. За компанијата тоа треба да претставува револуција, а за корисниците- квалитетна и бесплатна алатка.

https://p.dw.com/p/1G6qx

Виндоус 10 нуди многу нови можности и подобрувања во однос на сѐ што сме виделе досега. Меѓудругото, од голема помош за корисниците ќе биде и дигиталниот говорен асистент наречен Кортана. Тука е секако и Еџ (Edge) новиот пребарувач, кој доаѓа како замена за (не)обожуваниот Интернет експлорер.

Има и многу други новини кои, на некој начин, треба да го оправдаат фактот што Мајкрософт симболично одлучи да го прескокне Виндоус 9, и директно да премине на оваа верзија што треба да сигнализира вистинска промена.

За да се осигура дека е завршена добра работа, Мајкрософт со месеци тестираше инсајдерска програма која привлече околу 250 илјади корисници во Германија кои доброволно прифатија да ја тестираат бета-верзијата на новиот оперативен систем, и да му укажат на Мајкрософт на можните недостатоци. Тоа сега треба да се исплати.

Microsoft Windows 10 Startbildschirm Begrüßung

Не се заинтересирани за заработка?

А кога веќе зборуваме за исплаќањето во буквална смисла на зборот, многумина веројатно беа изненадени од информацијата дека компанијата одлучи бесплатно да им го понуди Виндоус 10 на сите корисници кои имаат лиценцирани верзии од претходните системи.

Но не брзајте со заклучокот дека Мајкрософт на овој начин се откажал од богата заработувачка. Напротив. Долгорочната стратегија е дека овој проект треба да ја спаси компанијата. Првиот чекор од таа стратегија е Виндоус 10 да се најде на што е можно поголем број компјутери. Компанијата веќе соопшти дека посакува една милијарда уреди да го користат нејзиниот оперативен систем во следните 2-3 години.

Microsoft-Chef Satya Nadella bei der Vorstellung von Windows 10
Шефот на Мајкрософт, Сатја НаделаФотографија: Reuters

Дополнително новиот софтвер ќе им овозможи на корисниците да ги поврзат и своите Андроид или ИОС апликации.

Откако ќе ја обезбедите таа огромна база на корисници, потоа можете да размислувате за профит. Во прв ред корисниците ќе треба да доплаќаат за понапреден софтвер или да користат некоја од услугите кои ќе се нудат.

Новиот шеф на Мајкрософт, Сатја Надела не се плашеше од храбри одлуки. Виндоус 10 може да и отвори нова, уште поуспешна ера на компанијата.