1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов градоначалник за Лондон

Џулија Мекферлајн/сн5 мај 2016

Лондончани денеска излегуваат на гласање за да изберат наследник на градоначалникот Борис Џонсон. Водечките кандидати меѓутоа не инспирираат преголема доверба кај гласачите

https://p.dw.com/p/1Ihgn
Фотографија: DW/J. Macfarlane

Ако анкетите се во право, во време на зголемени тензии поради опасноста од исламскиот екстремизам, кандидатот на Лабуристите, муслиман роден во Лондон, син на пакистански возач на автобус, е тој што ќе ја води една од најголемите престолнини во западниот свет.

За многу граѓани на Лондон, кандидатурата на Садик Кан не е тотално изненадување. Лондон стана еден од најјмултикултурните градови во светот: тука се зборуваат стотици јазици, а помалку од половина од лондонското население се етнички бели Британци. Остатокот е шаренолика мешавина од целиот свет- од кои многу се родени Британци во Обединетото Кралство. Изборот на етнички Пакистанец и муслиман на една од најзначајните политички функции во Европа, би испратила силна порака за градот Лондон и западната демократија.

Негов главен противник во трката е конзервативецот Ричмонд Зек Голдсмит. Роден е во богата династија, како син на милијардерот Џејмс Голдсмит. Неговите први години во парламентот се одбележани со низа побуни против конзервативците.

London Bürgermeister Wahl Kandidat Sadiq Khan
Садик КанФотографија: Reuters/N. Hall

Најголемите проблеми на Лондон

Голем дел од борбата за Лондон всушност не се води преку политиката. Двајцата фаворити ветуваат изградба на станбен простор кој на Лондон очајнички му е потребен. Двајцата сакаат да работат на новата проширена железничка мрежа во градот и двајцата се против проширување на аеродромот Хитроу и се обврзуваат дека ќе се борат против опасното загадување на воздухот. На сличностите им нема крај.

Во мај 2008 година Лондон штотуку го беше избрал својот прв конзервативен градоначалник. Борис Џонсон ги придоби избирачите со својот шарм и оптимизам во период кога градот се опоравуваше од еден од најсмртоносните терористички напади во Европа во тоа време, беше во транс на финансискиот бум пред големата финансиска криза која дојде една година подоцна, а беше и домаќин на наредните Олимписки игри.

Во споредба со тој период, Лондон денеска се чувствува поинаку. Градот е помлад, ама токму тие помлади работници најлошо пројдоа за време на кризата од 2008 година и немаат голема полза од опоравувањето на градот. Дипломците се често невработени со години пред да најдат работа и живеат со родителите.

London Bürgermeister Wahl Kandidat Zac Goldsmith
Ричмонд Зек ГолдсмитФотографија: picture-alliance/Zuma Press

Валкана кампања

Станбената ситуација за избирачите е најголемиот проблем во градот. Ако сите цени во градот поскапеа како што поскапеа становите, едно пиле денеска би чинело 65 евра. Двајцата водечки кандидати ветија изградба на 50 илјади нови станови. Борис Џонсон го вети истото кога првпат ја презеде функцијата - но не е изградена ниту половина од тој број.

Во неможноста навистина да водат војна за своите програми, во последните неколку недели кампањата падна на ниво на политички несогласувања, со прашања за расата и религијата во центарот на вниманието.

Граѓаните на Лондон, денеска, без оглед на потеклото, ќе излезат да гласаат, по една од највалканите политички кампањи во последните неколку години- ако досега не им се смачи од сето тоа, па воопшто и да не излезат на избори.