1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов аларм- Диоксин и во свинското месо во Германија

11 јануари 2011

Во актуелниот скандал со диоксин во Германија, контрoлорите во покраината Долна Саксонија утврдија високи вредности на оваа состојка и во свинско месо.

https://p.dw.com/p/zwCC
Фотографија: AP

Во пробите месо земени од животни, ветеринарите констатираа зголемени вредности на отровот, изјави портпарполот на покраинското министерство за заштита на потрошувачите Герд Хане во Хановер. Тој не прецизираше колку се покачени вредностите. Месото од повеќе стотици свињи од фармата каде пробите беа позитивни е повлечено од употреба. Животните беа заклани и потоа запалени, потврди портпаролот на министерството.

Фармата каде што е утврдено зголемено присуство на диоксин во свинско месо е едно од претпријатијата кое купувало храна од фирмата „Харлс и Јенч“ од покраината Шлезвиг Холштајн. Оваа фирма се товари дека продала 3000 тони масти за сточна храна загадени со диоксин.

Автор: АТ/ЕМФ/афп/дапд

Редактор: Борис Георгиевски