1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниската цена на нафтата сее страв

Керстин Швајцер/Ж.А.25 јануари 2016

Правилото: од ниската цена на нафтата профитира конјуктурата, веќе не важи. Државните приходи од нафтата во многу земји-производители драматично се намалија. Во САД во опасност се и кредитите за нафтените компании.

https://p.dw.com/p/1HjP3
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Ernesto

Во моментов најжестоки дискусии се водат за цената на нафтата. Минатата недела таа стигна и под 30 долари по барел, најниска вредност во последните 10 гоидни. Би можело да се рече дека таа е добра, барем за потрошувачите и голем дел од економијата. Но, равенката: ниска цена - подем на конјуктурата, веќе не важи. Во цел свет расте загриженоста дека ниската цена на нафтата може да предизвика фатална синџирна реакција.

Фрекинг во САД: на многумина инвеститори им се чинеше добра инвестиција. Американските банки на браншата и одобрија 270 милијарди долари кредити, пари кои евентуално нема веќе да ги видат. Зашто, поради ниската цена на нафтата, многумина производители се пред банкрот. Веќе се шири стравот од нова финансиска криза, бидејќи ако пропаднат кредитите во една бранша, брзо се шири домино-ефект, а светските берзи се и така нервозни.

Погледнете го видеото:

Главоболки поради цената на нафтата

Во целиот свет се засилуваат економските кризи. Држави како Венецуела, Алжир, Либија, Нигерија, но и Русија, живеат претежно од нафта. Ценовниот шок драматично ги редуцира државните приходи, се закануваат социјални безредија, државни банкроти. Исто така и економски аномалии, кои можат да влијаат врз вкупната светска конјуктура.

Освен тоа, приходите од бизнисот со нафта по правило се реинвестираат. Саудиска Арабија на пример е важен економски партнер на Западот. Сега, дури и во оваа богата земја се премина на штедење. Инвестициите во машини или инфраструктура се одлагаат.

Така, правилото дека ниската цена на нафтата ја поттикнува конјуктурата, веќе не важи, зашто цените се веќе предолго ниски.