1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц ќе даде се‘ од себе

23 февруари 2010

Посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц по пауза од седум месеци денеска е во Скопје на средба со македонскиот државен врв. Денеска има средба со претседателот, утре со премиерот.

https://p.dw.com/p/M9D9
Метју НимицФотографија: Petr Stojanovski

Посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц попладнево веднаш по пристигнувањето во Скопје изјави дека очекува многу од средбите со државниот врв и оти ќе даде се‘ од себе да се дојде до решение.

„Се радувам што сум во Скопје и ги очекувам средбите со државниот врв. Очекувам многу од овие средби, ќе дадам се‘ од себе“, рече Нимиц во кусата изјава за новинарите пред хотелот Холидеј Ин.

Нимиц се среќава прво со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, а потоа во вилата „Водно“ со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Автор: ЖА/БГ/миа