Нимиц ќе биде дочекан со државна стратегија за името
9 февруари 2010Реклама
„Не може да се прецизира, но Нимиц секогаш доаѓа со, на некој начин укажување на тоа што го знае од двете страни. Тој ги знае нашите и грчките позиции и веројатно ќе настапи со она што мисли дека треба тие две страни да преземат за да се дојде до некое решение“, посочи Иванов по одржаниот брифинг во Министерството за одбрана за борбената готовност на АРМ во 2009 година.
Тој потенцира дека државниот врв има постојана координација и веќе му ги има кажано сите ставови на македонскиот посредник-амбасадорот Зоран Јолевски, кој во контактите што ги остварува со Нимиц, ги изнесува тие позиции.
Автор: ЖА/ЕМФ/миа