1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц со стари идеи и нов оптимизам

24 февруари 2010

Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името, Метју Нимиц, денеска (24.02.2010) ја продолжува посетата на Скопје. Не носи нов предлог, туку нови идеи, кои според него, би го придвижиле процесот нанапред.

https://p.dw.com/p/M9eT
Метју Нимиц денеска ќе има средба со премиерот Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Македонскиот државен врв сугерира начини за решавање на спорот околу името. Тоа може да се заклучи од официјалното соопштение по средбата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и медијаторот Метју Нимиц. Паѓа в очи дека македонскиот државен врв во последниве неколку недели не зборува за националниот идентитет и македонскиот јазик, што се симнати од реториката на јавни настапи, како и споменувањето на таканаречената црвена линија. Домашни аналитичари тоа го толкуваат како поголем степен на кооперативност, пред се‘ кај македонскиот премиер Никола Груевски..

Со него медијаторот ќе има одделна средба денеска. Груевски синоќа одржал консултации со својот најтесен министерски состав од владејачката партија, на која се разгледани идеите што медијаторот попладнето им ги соопштил на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц бара политичка волја од двете страни

„Немам нови предлози, но има добра волја и неколку идеи“, изјави Нимиц пред стартот на преговорите.

Последната верзија на сетот идеи беше пред околу две години, кога во оптек се најде промената на името и опсегот на неговото користење во мегународната заедница.

Matthew Nimitz UN Sondervermittler in Mazedonien
Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран ЈолевскиФотографија: Petr Stojanovski

„Решение за спорот очекува и меѓународната зедница, зашто тоа веке не е билатерален или регионален проблем, туку има повеке димензии,“изјави Нимиц.

Посредникот на ОН побара политичка волја од двете страни. Ако ја има, спорот може побрзо да се реши, изјави во Скопје медијаторот по првиот ден од реобновените разговори со македонскиот и грчкиот врв.

„Нимиц доаѓа со предлог или идеја да се разработи варјантата за меѓународно име со географска одредница, а другите спорни прашања да се препуштат за решавање во тек на преговорите со ЕУ, што можат да траат четири, па и осум години“, изјави за Дојче веле екс министерот за надворешни работи, Слободан Чашуле. Во еден неодамнешен телевизиски настап тој беше преставен како личност од владејачката партија.

Реакции на пратениците

И во пратеничките сали беше живо. Пратениците од опозицијата со следните ставови:

„Овие две години државниот врв не беше активен во изнаоѓањето решение“, кажа Флора Кадриу од Нова демократија.

„Ние сме убедени дека со заеднички ставови на власта и опозицијата ќе се подобри преговарачката позиција на Македонија“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.

Брисел и Вашингтон очекуваат побрзо решавање на спорот околу името, со внатрешен партиски и етнички конзенсус, како што рекоа американските сенатори и европарламентарците.

Се очекува сигнал од Скопје дека прифаќа ново име и старт на преговрите со ЕУ, со што пак се остава простор во тој период да се решат и сите други отврени прашања сврзани со името.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска