1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ: европскиот пат е пат на иднината

АТ/ СН/бета12 јуни 2012

Во Белград беше оддржан прием по повод стапувањето на должност на новиот претседател Томислав Николиќ. На свеченоста присуствуваше еврокомесарот Штефан Филе, но отсуствуваа повеќе лидери од регионот.

https://p.dw.com/p/15CQg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европскиот пат на Србија е пат на иднината, изјави претседателот на Србија Томислав Николиќ на синоќешната инаугурација и подвлече дека во интерес на Србија ќе соработува со сите, кои во регионот ќе водат политика на мир, стабилност и соработка.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој присуствуваше на свеченоста во Белград изјави дека ЕУ од новиот српски претседател очекува да ја продолжи политиката на приближување на земјата до Унијата и дека граѓаните на Србија и во регионот од него очекуваат како нов шеф на државата да помогне во натамошното приближување на Србија до ЕУ. „Треба да ги исполните очекувањата на Вашиот народ и на целиот регион и Србија да ја приближите до ЕУ. Европската унија сака напредок на Србија и со нетрпение очекувам продлабочување на соработката со Вас и српските институции“, рече Филе на приемот.

Освен комесарот Филе, од останатите политичари присуствуваа шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу, заменикот министер за надворешни работи на Италија Марта Дасу. Од регионот на инаугурацијата на Николиќ дојдоа црногорскипот претседател Филип Вујановиќ, членот на претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик.