1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нервоза пред последната битка

25 ноември 2011

Средбата на Ангела Меркел со Никола Сакози и Марио Монти покажа кој ги влече конците во Европа, смета Кристоф Хазелбах.

https://p.dw.com/p/13H69

Чин спротивен на она што Европската комисија и европратениците го нарекуваат „метода на заедницата“. Ангела Меркел и Никола Саркози и двајцата непобитни водечки фигури на монетарната унија, го повикаа новиот италијански премиер Марио Монти да ја појасни својата реформска програма. За средба на исто рамниште неможе да стане збор. Иако Италија како економска сила е трета во еврозоната и досега - за среќа - не побара програма за помош, Монти изгледаше како сиромав голтар. Тој мораше да се правда, да лиферува и тоа брзо, за да не ја повлече во бездна целата евро-зона.

Токму како поранешен Европски комесар на Монти се разбира му беше јасно колку е сомнителна оваа рамка. Тоа и’ го навести ден претходно во Брисел. Но, не му остана ништо друго освен да ја прифати поканата за средба во Стразбур. За усогласување на Меркел и Саркози со Комисијата, со другите влади на ЕУ и на еврозоната не може да стане збор. Стразбур беше школски пример за т.н. „меѓувладина метода“, усогласување меѓу поединечни влади. Некои европратеници говорат за нова тенденција во Европа, за „Виенски конгрес“ или за „Метод Метерних“.

Спор на највисоко ниво

Еврокризата се чини се движи кон последната битка, така што нервите се при крај, а најважните актери и натаму влечат на различни страни: претседателот на Комисијата Баросо бара заеднички евро-обврзници, Меркел исто толку одлучно ги одбива. Пред се’ јужните земји бараат Европската централна банка да купува државни обрзници од земјите со големи финансиски проблеми без ограничување и на тој начин долговите да станат заеднички. Но, Меркел е и против тоа.

Christoph Hasselbach DW Brüssel
Кристоф ХазелбахФотографија: DW

Бонитетот на Германија не е неограничен

На незадоволство на Меркел, дури и од Франција доаѓаат спротивни сигнали. Според традицијата и менталитетот, соседот е повеќе кон јужниот отколку кон северниот табор. Но, во меѓувреме станува сериозно: не само што Франција стравува дали ќе ја задржи најдобрата оценка за својата кредитоспособност, туку и Германија запаѓа во потешкотии. На последното наддавање на сојузни обврзници на рок од десет години, една третина од обрзниците останаа непродадени. Покрај некои злонамерни забелешки на грчките и шпанските коментатори меѓутоа се меша и загриженоста. Ќе нема ли наскоро крај?

Досега пропаднаа сите обиди за стабилизација на монетарната унија, и покрај програмите за штедење, промени на влади и спасувачки фондови. Исто така не напредува ниту идејата на Меркел за менување на европските договори за да се издејствува поголема дисциплина за буџетот. Можеби канцеларката под притисок на кризата наскоро ќе мора да се одлучи меѓу чумата - европски обврзници и колера - финансирање на државите од страна на Европската централна банка.

Автор: Кристоф Хазелбах

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски