1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непрозирна терористичка плетка

Андреас Горжевски/сн10 ноември 2015

Сѐ поголемите назнаки кои укажуваат дека рускиот Ербас е соборен, го насочуваат вниманието кон терористичките групи кои дејствуваат на египетскиот полуостров Синај. Покрај ИД таму се активни и многу други организации.

https://p.dw.com/p/1H2Gv
Фотографија: STR/AFP/GettyImages

„Провинцијата Синај“- како што себе си се нарекуваат паравоените сили на „Исламска Држава“ (ИД) кои контролираат голем дел од египетскиот полуостров, се фали и се гордее со тоа што пред 7 дена собори руски авион полн со туристи, кои се враќаа во Санкт Петербург. Египетскиот огранок на ИД преку Твитер соопшти: „На војниците на калифатот им успеја да соборат руски авион во „Провинцијата Синај“ и тоа е одмазда на Русија за воените напади. Руските бомбардери од крајот на септември меѓу останатото ги напаѓаат и позициите на ИД во Сирија. Египетските истражители демантираат дека се работи за напад на ИД, но западните тајни служби тоа го сметаат за веројатно. „Провинцијата Синај“ е една од многуте терористички групи који делуваат во непроодните ридови на овој полуостров. Пред се’ ограноците на Ал Каеда на својот ривал кој се води како огранок на ИД му ја оспоруваат доминацијата над синајската територија. „Провинцијата Синај“ на „Исламска држава“ е најпознатата и најсилната екстремистичка група на североистокот на Египет. Таа произлезе од организацијата на Ансар Баит-ал Макдис (помагачи на Ерусалим), и основана е во 2011. година. Во ноември 2014. групата се заколна на верност на самонаречениот калиф на ИД, Абу Бакр Ал-Багдади и го промени своето име во „Провинција Синај“. ИД владее со голема теритирија на северот и на истокот на Сирија и на северозападен Ирак. Низа групации од Ориентот само се прогласија во т.н. провинции на калифатот.

На почетокот оваа група го напаѓаше соседен Израел. Поранешното име укажуваше на тежнеење за освојување на Ерусалим. Лидерот на ИД , Ал-Багдади тогаш, како што тврди Шаул Шај од Меѓународниот институт за борба против тероризмот со седиште во израелскиот град Херзилија, нареди напади на амбасади и граѓани на оние земји, кои припаѓаат на коалицијата земји кои се борат против ИД, а кои ги предводи САД. Египетските војници и безбедносните сили претходните гоини беа чести цели на многу добро промислени и организирани напади. Така во јануари 2015. година оваа група нападна низа цели на северот на Синај, со гранатирања и самоубиствени атентати. Притоа смртно настрадаа 30 египетски војници.

Ägypten al-Arish, Sinai Bombenanschlag
Фотографија: picture-alliance/epa/STR

Нејасен број борци

Се проценува дека во рамките на терористичката група „Синајска провинција“ се борат неколку стотини до неколку илјади борци. Оваа група ако му се верува на вашингтонскиот Тахрир институт за прашања од Средниот исток, располага со најсовремени оружја и мобилни системи за противоздушна одбрана.

Слично како и споменатата организација Ансар-Баит ал-Макдис и терористичката група „Советот на муџахедински шури“ на почетокот за цел го имала Израел. Оваа салафистичко-џихадистичка група била, како што тврди израелската војска, одговорна за низа ракетни напади на Израел. Групата наводно е симпатизер на „Синајска провинција“.

Тука е и групата Ансар ал-Џихад (Помагачи на џихад), која е конкуренција на ИД. Таа, како што тврдат експертите, се идентификува со организацијата „Ал Каеда на полуостровот Синај“. Некои сметаат оти се работи за две групации, додека други тврдат дека „Ал Каеда на полуостровот Синај“ во 2011. преминала под команда на Рамзи Махмуд ал-Мовафи. Ал Мовафи порано бил личен лекар на основачот на Ал Каеда Осама бил Ладен. На групата Ансар ал-Џихад пред се’ и’ се припишуваат напади врз синајскиот гасовод.

Touristenbus explodiert in Sinai
Фотографија: Nameer Galal/AFP/Getty Images

Поранешна поврзаност со Хамас

Џајш ал-Ислам (Армија на Исламот) е постара неколку години од сите останати. Мумтас Дигмуш, лидер на клан од Газа, ја основал оваа група во 2006. година. Порано припаѓал на радикално-исламистичката група Хамас, а потоа најголем дел од своите активности ги префрлил на Синај. Оваа група наводно учествувала во киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во Појасот Газа. По неколку години заробеништво, Хамас го пушти на слобода војникот Шалит.

Организацијата „Џунд ал-Ислам“ (Војници на Исламот) на 11. септември 2013. го нападна објектот на египетската тајна служба во градот Рафах на границата со Појасот Газа. Тогаш се убиени шестмина луѓе. Се претпоставува дека оваа група е под влијание на идеологијата која ја има Ал Каеда.

Покрај тоа постои цел ред помали групи. така по соборувањето од власт на некогашниот претседател на Египет, Хосни Мубарак во 2011. година се појави организацијата Такфир вал-Хиџра (екскомуникација и емиграција). Групата под ова има стана позната по нападите кои ги извршуваше во 80-те години од минатиот вел. Ама новата групација според оценката на вашингтонскиот Тахрир институт нема сериозни врски со старата.

Сите овие групи профитираат од ситуацијата на ридестиот и слабо населен регион на југот на Синајскиот полуостров, каде египетските сили за безбедност немаат воспоставено силна контрола. Радикалните движења на северот на Синај, пак главно соработуваат со организации во Појасот Газа. Криумчарењето, корупцијата и политиката на владата во Каиро која не се грижи доволно за состојбата на Бедуините се само додатни причини поради кои терористички групи успеаја да се вгнездат на Синајскиот полуостров.