1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неопходно почитување на европската линија

Силвера Падори5 ноември 2008

И по лошите оценки од Брисел европските перспективи на Македонија остануваат, изјави денеска (05.11.2008) за Дојче Веле, пратеникот на Христијанско демократската Унија во Бундестагот, Јирген Климке

https://p.dw.com/p/Fnxh
Во Македонија се чувствува раздвиженост и нетрпение, но обврските остануваат - Јирген КлимкеФотографија: Jürgen Klimke

“Временскиот хоризонт според мене е: во 2009 почеток на пристапните преговори. Во 2014 нивно завршување и прием на Македонија во ЕУ”, ваква е прогнозата на Јирген Климке за приближувањето на Македонија до ЕУ по посетата за земјата и по извештајот од Брисел. Ваквиот пат ќе биде лесен доколку според него се почитува европската линија: се зајакне политичкиот дијалог, се реши спорот со името со Грција и се интензивираат реформите.

"

Важно е критериумите да се исполнат. Има добри резултаи во борбата против корупцијата каде од 103 тот, Македонија се спушти на 84-то место на извештајот на Транспаренси интернешенал. Има значителни подобрувања и во граничната контрола и спречувањето на шверцот на цигари, дрога, оружје , медикаменти" смета Климке, кој за проблемот со името подвлекува:

"Ние од надвор воопшто не ја гледаме големината на проблемот. Ја гледаме само потребата ова прашање да се реши. Не може ли одговорните од Македонија и од Грција, како и при изборот на папа, да седнат зад затворена врата и да дискутираат се додека не донесат заедничко решение?"