Нема преживеани во авионската несреќа во Македонија
7 септември 2016Реклама
Македонското јавно обвинителство ја истражува несреќата, но засега нема никакви детаљи за можните причини за несреќата. Четворица од жртвите се италијански државјани, а двајца се косовски.
Авионот од типот „Пајпер Сенека“ полетал од Тревизо кон Приштина, а во Скопје требало да наточи гориво. Исчезнал од радарите околу 17:50 минути над Велес, во атарот на селото Кожле.
Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.