Нема криза за Берлиналето!
27 јануари 2009Се‘ во Германија, Европа и светот се врти околу финансиската криза, па таа не го заобиколи ниту Берлиналето. Но без паника, кризата го погаѓа фестивалот - заобиколно. Помалку спонзори, помалку забави, повеќе филмови за актуелното секојдневие.
Секојдневието - на филм
"
Во програмата на Берлиналето има многу филмови кои се занимаваат со кризата. Ова е заради тоа што филмаџиите се своевидни уметнички сеизмографи на она што престои, но и поради тоа што со години на Берлиналетио имаме многу филмови за глобализацијата. Годинава глобализацијата е во доменот на парите” - истакна директорот на Фестивалот Дитер Кослик на презентацијата на програмата.Токму за оваа тема е и најновото режиско остварување на Том Тиквер (Интернешенал) со кој фестивалот стартува.
Според Кослик, филмот со кој се отвара Берлиналето е одбран пред повеќе месеци. Снимен е како фикција, но во реалноста стана вистински документарец. И тоа затоа што и тој и многу други играни филмови реалноста многу подобро ја претсатвуваат. Со кризата и финансиите се занимаваат и повеќе документарни филмови, меѓу кои во програмата “Специјал” е и сторијата за банкарскиот систем на Кина од пред 120 години, каде се гледа дека финансиските малверзации и кризи не се од вчера.
Значи силен белег на Берлиналето годинава му дава документарниот филм, кој е застапен и во секцијата “Кулинарско кино”.
Холивуд во Берлин
На црвениот тепих пред Палатата на Берлиналето и годинава ќе биде тисканица. Така барем вети шефот на Фестивалот Дитер Кослик:
"
Прашање е кој нема да дојде на Берлиналето? Имаме многу потврди и сигурно на отворањето нема да сум сам на црвениот тепих”. А ќе дојдат Рене Зелвегер, Мишел Фајфер, Кејт Винслет, Деми Мур, Кијану Ривс, Шон Пен...Македонија ја нема во главната и споредните програми, но ја има во две копродукции на Европскиот филмски пазар.