1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Незадоволните Словаци не попуштаат

СН/ агенции
17 март 2018

Прво, мораше да си оди министерот за внатрешни работи, потоа и премиерот. Но, тоа не ја намали огорченоста во Словачка. Десетици илјади гласно бараа комплетно разјаснување на случајот Куцијак. И предвремени избори.

https://p.dw.com/p/2uVAy
Bratislava Proteste: Demonstranten fordern trotz Regierungsumbildung Neuwahlen in der Slowakei
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Klamar

„Тие сметаат дека е доволно за променат неколку личности, а инаку да остане истата гарнитура на власт. Тие ни се потсмеваат! ", изјави една млада мајка во Братислава за германската новинска агенција ДПА . Премиер во оставка Роберт Фицо претходно изјави дека новие избори би ја турнале Словачка во хаос и мора да бидат спречени. Потоа неколку десетици илјади луѓе ширум земјата го изразија своето незадоволство на улиците. Демонстрантите извикуваа: „Во затвор! Во затвор! ".
Не само во главниот град Братислава, туку и во многу други градови, тие побараа целосно разјаснување на случајот со убиениот истражувачки новинар Јан Куцијак и предвремените парламентарни избори. Повикот за демонстрации го упатија непартиски активисти,  поддржани од медиуми и уметници.

Фико ги влече конците

Словачкиот претседател Андреј Киска ја прифати оставката на Фицо во четвртокот (15.03.2018). Неговиот наследник како премиер е неговиот доскорешен заменик Петер Пелегрини.

Повеќе:

-Криза во Словачка: Пелегрини- нов премиер наместо Фицо

-Словачка: Манекенка, мафија и висока политика

-Словачка - земја со „мафијашки структури“?

Bratislava Proteste: Demonstranten fordern trotz Regierungsumbildung Neuwahlen in der Slowakei
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Klamar

Со тоа предвремените избори беа тргнати од дневниот ред, што пак наиде на голема критика во јавноста. Земјата е во длабока внатрешно-политичка криза откако пред три недели, беа убиени Куцијак и неговата девојка. Куцијак во своите текстови ја разоткриваше наводната врска меѓу високи владини функционери и блиски луѓе на Фицо со италијанската мафија.
На демонстрациите и митинзите постојано можеше да се чуе обвинувањето дека новиот шеф на владата Пелегрини всушност е само марионета на Фицо. На крајот од краиштата, премиерот во заминување сакаше безусловно да се погрижи за тоа неговата Социјалдемократска партија Смер-СД, да остане во коалициската влада со централно-десничарската партија Мост-Хид и десничарско- националистичка партија СНС.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид