1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници протестираа против Трамп

СН/ агенции
10 ноември 2016

По победата на Доналд Трамп на претседателските избори илјадници Американци од источниот до западниот брег на САД излегоа на улиците. Тие на протестни маршеви го изразија својот гнев од изборниот резултат.

https://p.dw.com/p/2SSVe
USA Präsidentschaftswahl Protest gegen Donald Trump in San Francisco
Фотографија: Reuters/S. Lam

Меѓу другото во Њујорк протестираа илјадници луѓе со паролите како „Не е мој претседател“ или „ Њујорк те мрази“ против новоизбраниот претседател на САД. Протести имаше во уште најмалку десет градови во САД. Според медиумските извештаи, протестите минале мирно, меѓутоа постојано во толпата се појавувале приврзеници на Трамп кои влегувале во гласни кавги со противниците на Трамп. Во Сиетл на маргините на демонстранциите дошло до пукотници со повеќе повредени лица. Меѓутоа полицијата засега исклучува поврзаност на овој вооружен инцидент со протестите. Во некои места дури беше палено и американското знаме. На протестите во Сан Франциско и Окланд,  демонстрантите палеа маски со ликот на Трамп, но и контејнери за ѓубре и автомобилски гуми. Десетици километри подалеку, на калифорнискиот универзитет Беркли, студентите одржаа протест на кампусот, а демонстрации имаше и на универзитетот Дејвис, каде студентите во улична поворна извикуваа слогани против Трамп како „Ти не си Америка, ние сме Америка“. Протести имаше и во Лос Анџелес, Портланд, Сан Диего, Чикаго и други градови.

Погледнете го видеото од протестите на Менхетен, Њујорк:

Протести против изборот на Доналд Трамп