1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

НАТО и Вашингтон загрижени поради руските подморници

27 април 2018

Една од клучните теми на состанок на НАТО-министрите во Брисел се компликуваните односи со Русија. САД во моментов го зголемуваат своето присутво во Исланд, со цел да ги имаат на око руските подморници во Атлантикот.

https://p.dw.com/p/2wmnV
Island Luftwaffenstützpunkt Keflavik
Фотографија: DW/T. Schultz

Капетанот Џон Гуднасон се поднасмевнува присеќавајќи се на повикот на Американците во мај 2014. година, кога го прашале: „Може ли да дојдеме утре?“ Вашингтон сакал повторно да испрати персонал во воздушната база Кефлавик, осум години по повлекувањето на своите трупи оттаму.

Гуднасон со воената база раководи 30 години, за односот со Вашингтон вели: „Навикнати сме на вакви работи, затоа и сме тука.“

За време на Студената војна во Кефлавик биле стационирани 3.000 американски војници, со задача од островот да го имаат на око Советскиот Сојуз, посебно неговите активности под вода. По крајот на Студената војна, тоа се чинело непотребно, во 2006. година трупите се повлечени, со оглед што не постоело веќе стравување од руски воени подморници.

Повеќе: 

Кој ја поседува најмоќната армија во светот?

НАТО работи на нова стратегија кон Русија

Северна Европа со засилена стратешка важност

Но, во меѓувреме состојбата е променета, па расте стратешката важност на Исланд за САД и за НАТО. Во последната година американскиот конгрес одобри околу 12 милиони евра за реактивирање на авионската база Кефлавик.

„На сите ни е јасна причината. Руската војска е активна колку што одамна не била“, вели исландскиот министер за надворешни работи, Тор Тордарсон во разговор за Дојче веле.

Растечки агресивните воени постапки на Русија од навлегувањето во Украина во 2014. година и анексијата на Крим, се забележливи и под вода, констатираат САД со загриженост. Според Тордарсон, Пентагон ја користел исландската база во 2014. година за надгледување на подморници во 20 дена, а во 2017. година - цели 150 дена. Но, европскиот север се здобива со стратешко значење не само за САД, истакнува министерот: „НАТО наскоро на Северниот Атлантик ќе му посвети уште поголемо внимание“.

Karte Island Russland ENG

НАТО сака да ги има под контрола тензиите на Север

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврдува дека во Атлантикот движењето на подморници сега е најфреквентно од крајот на Студената војна. „Истовремено, важно е да се намалат тензиите на Север“, изјави Столтенберг неодамна, „тоа е и во наш и во руски интерес. Но, мораме да бидеме во состојба да извршиме веродостојни одвратувања и заплашувања, а за таа цел на НАТО му се потребни на пример повеќе флоти.“

Американските инвестиции во Кефлавик меѓу другото се насочени во реновирање на носач на авиони, заради негово оспособување за прифаќање на Боинг П8, авион-ловец на подморници, кој е значително потежок и поголем од Локид П-3, кој беше стациониран овде во децениите на Студената војна. 

Треба ли Ислаѓаните да се загрижени дека нивниот остров може да се претвори во епицентар на конфликт меѓу Русија и САД?

Не, смета Џон Гуднасон. „Ние не сме во опасност, станува збор само за тоа да сме во тек што презема соседот.“

Руските подморници на око

Директорот на Трансатланската безбедносна иницијатива, тинк-тенкот Атлантик, има подруго мислење. „Денешната руска морнарица не е иста со онаа од советско време. Таа е помала, располага со помалку бродови и подморници, но е многу поспособна од онаа во Студената војна. Таа на пример може да испалува крстосувачки ракети, што повеќепати го докажа на брегот на Сирија, а што досега го можеа само САД и Велика Британија,“ вели Магнус Норденман. Тој стравува дека руската морнарица може да употреби крстаречки ракети со долг дострел против цели во северна Европа.

Krim-Konflikt: Erobertes ukrainisches U-Boot Saporoschje
Руски војници на заробена украинска подморница, март 2014. година Фотографија: picture-alliance/dpa

Загриженост кај мировните активисти

Загриженост, иако од други причини, постои и кај Тор Магнусон, исландски мировен активист и повеќекратен претседателски кандидат. Тој смета дека присуството на САД во Кефлавик може да води кон воена ескалација со Русија, а Исланд преку воената база се става во улога на мета. Тој ја обвинува исландската влада за држење во тајност на плановите за доградба, проширување на воената база.

„Луѓето во Исланд се тотално против, не сакаат војска на островот. Да ги знаат вистинските планови на Американците, комплетно ќе ги одбиеја.“

Засега сепак нема голем отпор кај исландското население против реактивирањето на воената база. Владата постојано истакнува дека нема намера да ја опреми на ниво како во Студената војна.

Министерот за надворешни работи Тордарсон вели дека, за среќа, сегашните тензии се далеку од кулминирачките во периодот на Студената војна меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз, а Исланд е безбеден како и претходно.

„Мислам дека билатералниот договор со САД и нашето членство во НАТО се темелот на нашата безбедност. Во еден перфектен свет, не би била потребна воопшто војска, но ние не живееме во идеален свет“, вели Тордарсон.