Нападот со камионет го шокираше Њујорк
Според американските власти, нападот со камионет во Њујорк, во кој загинаа осум лица, а повеќемина се повредени е терористички акт. Истрагата ја презел Одделот за тероризам на ФБИ.
Смртоносна патека
Осомничениот 29-годишен мигрант возел со пикап-возило во погрешна насока по прометна велосипедска патека на Менхетен (31.10), при што убил осум луѓе и сериозно повредил уште единаесет лица. Возилото запрело дури по судирот со школски автобус.
Напаѓачот излегот од возилото со оружје в раце
Возачот на пикапот по судирот со школскиот автобус излегол од возилото, држејќи в раце два пиштоли, за кои подоцна е утврдено дека биле лажни. Медиумите тврдат дека напаѓачот е Узбекистанец и пренесуваат изјави на сведоци, кои велат дека извикувал „Алаху Акбар“ (Алах е голем). Полицаец пукал во осомничениот и го ранил во стомакот.
Атентаторот е Узбекистанец, работел за „Убер“
Напаѓачот се доселил легално во САД во 2010. година. Неколку часа по нападот, компанијата „Убер“ соопшти дека осомничениот бил еден од нејзините возачи. Откако бил застрелан, тој е пренесен во болница во критична состојба, но лекарите сметаат дека ќе преживее.
Напад од поединец
Њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио изјави дека при овој инцидент станува збор за акт на терор. Американскиот претседател Доналд Трамп издал наредба за дополнителни заострени проверки на имигрантите. Полицијата претпоставува дека возачот немал помошници при извршувањето на нападот.
Жртвите се главно туристи
Возачот на пикапот возел неполн еденипол километар по велосипедската патека. Од жртвите, петмина се Аргентинци, а еден е Белгиец. Групата Аргентинци се наоѓала на Менхетен за да прослави 30-годишнина од завршувањето на школувањето.
Полицијата пронашла порака
Истрагата сега е концентрирана на порака најдена во камионетот, за која се претпоставува дека ја напишал напаѓачот. Полицијата и ФБИ побараа од граѓаните кои биле сведоци на нападот, да достават изјави или евентуални видео-снимки.