1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Некомпатибилност на културите

Шамил Шамс/превод:БГ12 јануари 2016

Ксенофобичните напади врз муслиманите во Келн се срамни. Но новинарот на ДВ, Шамил Шамс смета дека тие покажуваат оти Германците се чувствуваат загрозени од култура која не е компатибилна со нивните норми.

https://p.dw.com/p/1Hbiq
Фотографија: Reuters/W.Rattay

Како новинар од Пакистан кој работи во Германија, бев многу скептичен за одлуката на германската влада да прифати илјадници бегалци во земјата без проверка на нивното минато. Секако дека чувствувам симпатија за луѓето кои бегаат од земји разурнати од војна како Сирија, кои се соочени со огромни страдања и насилство од страна на милитантите како и од претседателот Башар Асад. Но, во исто време сигурен бев дека напливот од бегалци ќе ја наруши хармонијата и рамнотежата во германското општество. Смета дека исламската култура и европските норми не се компатибилни.
Мнозинството Германци на бегалската криза одговорија со неверојатна хуманост. Моите европски пријатели ми се лутеа кога предупредував против политиката на канцеларката Меркел. Сметав дека е многу наивно тоа што многу Германци веруваа дека бегалците од Блискиот Исток и од Јужна Азија ќе го прифатат нивниот начин на живот и нивните вредности. Им кажав на моите пријатели дека нивното разбирање за муслиманскиот свет е ограничено и погрешно. Не обраќаа многу внимание на моите аргументи.
Моите најголеми стравови се остварија која стотици луѓе, најверојатно од Блискиот Исток или Северна Африка сексуално напаѓаа жени за време на Новогодишната ноќ во Келн. Многумина велат дека бил претходно испланиран напад. Сега Германците конечно отворија дебата дали беше добра идејата да им се дозволи влез на толкав број луѓе од странски култури. Всушност никогаш не сум се чувствувал толку посрамено во својот живот.

Deutsche Welle Urdu Shamil Shams
Шамил ШамсФотографија: DW/P. Henriksen

Јас имам муслиманско потекло, живеам во Германија долги години, и секогаш сум бил третиран со почит и респект. Секогаш сум се чувствувал побезбедно во Германија отколку во Пакистан. Имам многу германски пријатели и никогаш не сум се чувствувал отуѓен во општеството. Но по она што се случи на Нова Година сфатив дека и јас, на некој начин, се чувствувам одговори за одвратниот акт: Она што се случи во Келн се случува редовно во мојата татковина, Пакистан. Мажите никогаш не се чувствуваат засрамено, или виновни, никогаш не покажуваат покајување за начинот на кој се однесуваат кон жените во тој дел од светот.
Мажите кои сексуално ги напаѓаа жените во Келн не беа растроени, тие точно знаеја што прават. И сигурен сум дека тоа го сторија со апсолутен презир за европската култура, нејзините норми и нејзините граѓани.

Повеќе од одмазда

Сега гледаме одмазднички акции од германската радикална десница. Во неделата, група од 20 луѓе нападнаа 6 Пакистанци и еден Сириец во близина на железничката станица во Келн- место каде и јас слободно шетам дури и по полноќ. Некои луѓе се здобија со сериозни повреди мораа да бидат хоспитализирани. Германските медиуми ги опишаа напаѓачите како „моторџии, хулигани и обезбедувачи“. Срамен и реакционерен акт, но што друго да се очекува од десни радикали?
И јас можев да бидам еден од тие Пакистанци претепани од хулиганите. Сигурно немаше да ме интервјуираат пред да ме удрат или навредат. Немаше да знаат дека сум атеист кој пишува критички текстови за исламскиот екстремизам веќе 15 години. Тоа немаше да ги интересира. За нив, јас сум само уште еден муслиман кој сака да го смени нивниот начин на живот.
Напаѓачите можеби биле политички мотивирани, но нивниот страв не може да се игнорира. Германското општество се менува, а радикално-десничарските христијани и исламистичките групи стануваат се посилни. Тоа е алармантна ситуција за мнозинството секуларни граѓани на Германија и Европа.
Доколку германската влада сака да ги заштити секуларните фондации, мора да ги зголеми контролите на луѓето кои планира да ги интегрира во општеството. Интеграцијата не е само учење на германскиот јазик. Познавам многу муслимани кои живеат во Германија со децении, одлично го говорат германскиот јазик, но сепак тајно чувствуваат длабок презир за секуларизмот и западните вредности. Растот на салафизмот во Германија им даде нов поттик на неонацистичките движења во земјата. Пегида е само еден пример.
Она што се случи на Нова Година може засекогаш да го смени начинот на кој Германците живеат и се однесуваат кон странците. Владата мора да стори сѐ за тоа да не се повтори. А како странец, и јас имам одговорност во тој поглед.