1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Курсот на Париз и Лондон и импотенцијата на Брисел

сн бв/агенции
14 април 2018

Каква стратегија следат францускиот претседател Макрон и британската премиерка Меј во нападите врз цели во Сирија. И како ЕУ повторно ја докажа својата надворешно-политичка импотентност.

https://p.dw.com/p/2w2cK
Zypern Britischer Kampfjet vor Einsatz
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Matthews

„Имаме докази дека изминатата недела режимот на Башар користел хемиско оружје“, изјави францускиот претседател Мануел Макрон во телевизиското интервју во кое главна тема беа штрајковите во Франција и неговите реформи. Макрон притоа во неколку реченици го навести она што сега се случи во Сирија: „Ние ќе одлучимеза воена акција од страна на Франција во скоро време.“

Мнозинството во Франција ја поддржува експанзијата на надворешно политички курс на претседателот кој од неговото стапување на должност својата земја ја врати на светската политичка сцена. Меѓутоа за гаѓањето на целите поврзани со сириските капацитети за хемиско оружје францускиот претседател- како и остатокот од светот- чекаше на дефинитивен сигнал од Вашингтон.

Повеќе:

-Западните сили нападнаа цели во Сирија

-Вистинските мотиви на Трамп во Сирија

-Германија не учествува во судирот во Сирија

Франција сака на Блискиот исток да игра важна улога, објаснува експертот за надворешна политика Мануел Лафон Рапнуил од Европскиот совет за странски односи (ЕЦФР). Тој вели оти настојувањето на Франција во тој смисол е историски условено и дека изминатите години покажаа оти Европејците не можат да се потпрат ни на САД со нивната себичност ни во соработка со се' посигурната во себе Русија. Поради тоа сѐ повеќе мораат да се грижат за својата сопствена заштита и притоа да научат врз таа основа да пронајдат заедничка линија. Француските еднострани потези во регионот, исто така, се темелат на тоа дека останатите Европејци често не сакаа да го следат Париз. Макрон со својата јасна надворешно-политичка амбициозност ќе создаде шанса да ја преземе лидерската улога во европската стратегија на Блискиот исток, вели Рапнуил.

Syrien - US-Militärschlag auf Damaskus
Фотографија: picture alliance/AP Photo/H. Ammar

ЕУ пак не виде потреба за даде сеопфатно мислење. Портпаролката на шефицата за надворешна политика на Унијата, Федерика Могерини, соопшти дека користењето на хемиско оружје го осудува „најостро“. Но, европските министри за надворешни работи  закажаа состанок дури за понеделник за да договорат заедничка позиција. Нема војна пред викенд- така најверојатно гласеше желбата на Брисел. Тоа дотолку повеќе ја покажа надворешно-политичката импотенција на ЕУ.

За тоа време премиерката на Велика Британија, Тереза Меј,  забележително ја заостри својата реторика кога станува збор за Сирија. Првично зборуваше за неопходна проверка и чекање, а потоа истакнуваше дека сето упатува на тоа оти сирискиот режим го спровел „шокантниот варварски атак“ во Дума. Така таа се најде на иста линија со Макрон и со Трамп.

Премиерката, притоа, одби да ја запре паузата во работата на парламетот, која трае од велигденските празници, за да може парламентот да учествува во донесување на одлуката. Таа се повикува на историскиот кралски декрет кој ѝ даде можност сама да одлучи.

Тереза Меј инаку не ќе можеше да биде сигурна дали ќе добие таква согласност во британскиот парламент. Освен тоа што опозициската Лабуристичка партија агитираше против воена интервенција и големо мнозинство Британци го одбиваа тоа, покажуваа испитувањата на јавното мислење.

Зошто Тереза Меј го промени својот курс? „Таа кај Макрон и кај Трамп навистина ќе го загубеше образот“, ако остане надвор од сѐ објаснува Ник Витни од ЕЦФР. Во случајот Солсбери таа, како што вели Витни, се држеше внимателно и на крајот доби голема поддршка од своите сојузници во Европа и од САД. Политички тоа за неа, според негова оценка, имаше позитивен ефект бидејќи по нападот на Скрипал нејзиниот углед значително се зголеми, додека угледот на шефот на лабуристите Џереми Корбин многу опадна.

Освен тоа, владта во Лондон гледа опасност во тоа дека по Брегзит ќе биде туркана сѐ повеќе на маргините ако Франција ја преземе водечката улога во Европа. А остатокот од Европа веќе не е баран бидејќи никој освен Лондон и Париз не располага со крстосувачки ракети.