1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напади, бројни жртви и политички тензии во Ирак

22 декември 2011

Во серијата експлозии ширум Багдад според последните официјални информации на ирачките власти загинале најмалку 49 лица. Билансот не е конечен. Во земјата се разгорени политичките тензии.

https://p.dw.com/p/13XUh
Багдад повторно цел на напади (архива)Фотографија: AP

Бомбашките напади се случиле во централниот, западниот источниот и северниот дел на градот и во нив се повредени уште најмалку 167 лица, соопшти портпарол на ирачкото министерство за здравство. Тој изнесен нова бројка на загинатите - 49. Ова се првите координирани напади во ирачкиот главен град по повлекувањето на американските војници.

Продлабочена политичка криза

Насилството се случува во период на растечки тензии во земјата, откако е издаден налог за апсење на потпретседателот на земјата Тарек ал Хашеми кој е сунитски Арап за вмешаност во терористички активности. Премиерот Нури Ал Малики припадник на најбројната заедница на шиитски Арапи побара од курдските власти на северот од земјата да го предадат Хашеми, кој ги отфрла обвинувањата.

Инаку Претставник на сунитската коалиција „Ал Иракија“ која ја предводи Хашеми повика на смена на премиерот на земјата Нури ал Малики.

Членот на „Ал Иракија“ изнесе официјално барање за гласање недоверба на Ал Малики.

Претходно сунитската коалиција го отфрли повикот на премиерот за спроведување на итни преговори меѓу сите страни за решавање на продлабочената политичка криза во Ирак.

Автор: СН/ АТ/ афп/ ртр/ миа

Редактор: Жана Ацеска