1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бобс 2016 - гласањето почнува

Оле Танген/Ж.А.31 март 2016

Жирито избра 126 финалисти за меѓународниот натпревар „Бобс“ - најдобрите онлајн прогресивни и храбри проекти. Гласањето завршува на 1 мај.

https://p.dw.com/p/1IMYH
Фотографија: DW

За годинешниот „Бобс“, меѓународниот натпревар за избор на најдобри интернет активисти, корисниците на интернет од целиот свет доставија преку 2300 предлози. Дојче веле им се заблагодарува на сите учесници за поддршката.

По долги дискусии, членовите на жирито се одлучија за 126 финалисти. Номинацијата опфаќа по пет финалисти во 14 јазици за кои се доделува награда, како и 14 финалисти за секоја од четирите тематизирани категории: општествени промени, технологија, уметност и култура и граѓанско новинарство. Од 31 март, на интернет страницата (www.thebobs.com) , корисниците можат да го дадат својот глас за апликациите, личностите или проектите кои ги сметаат за најуверливи и на тој начин да придонесат за доделување на наградата од публиката. Победници ќе бидат кандидатите кои ќе добијат најголем број гласови. Гласањето трае до 1 мај. Истовремено во Берлин специјално жири ќе додели награди во четирите категории.

Дојче веле од пред 12 години преку натпреварот „Бобс“ ги одликува луѓето кои се залагаат за слобода на говорот и онлајн-активизам.

„Постои цела серија награди кои се доделуваат за ангажман за слобода на говорот, човекови права, традиционално новинарство и технологија. Но не постои друга награда која има споредлив обем“, вели членот на жирито Џорџија Поуплевел.

„Флексибилноста со која Бобс реагира на брзите промени во дигиталниот простор, е посебна одлика на оваа награда“, додава таа.

За учество во гласањето, потребна е регистрација како корисник на интернет страницата www.thebobs.com. На добитниците наградата „Бобс“ ќе им биде врачена во рамките на Глобал медиа форум, што го организира Дојче веле, на 14 јуни. Имињата на наградените ќе бидат соопштени на 2 мај.