1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Навални мора повторно во затвор

СН/ агенции
13 јуни 2017

Судот во Москва донел пресуда по брза постапка. Рускиот опозиционер, Алексеј Навални мора да помине еден месец во затвор. САД и ЕУ го критикуваа постапувањето на Кремљ.

https://p.dw.com/p/2ebGy
Russland Oppositionsführer Alexei Navalny nach seiner Anhörung
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Maximov

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е осуден доцна синоќа на 30 дена затвор поради повикот на демонстрации, кои ги забранија руските власти, изјави неговата портпаролка Кира Јамрмиќ и додаде дека во цела Русија се приведени околу 1.500 луѓе. „Доби затворска казна од 30 дена“, наведе таа на Твитер и потсети оти Навали е приведен вчера попладне.

Навални, кој важи за еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, истотака на Твитер, по пресудата иронично напиша дека целата земја е украдена и оти поради добивање на максимална казна за престапот кој му е припишан ќе го пропушти концертот на британската група „Депеш мод“ закажан за јули во Москва.

Russland Proteste für Oppositionsführer Alexei Navalny
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Antonov

Илјадници Руси излегоа вчера на улиците во дестици градови, вклучувајќи и во близината на Кремљ во Москва. Главниот руски опозиционер Алексеј Навални и повеќе илјада негови симпатизери се приведени за време на демонстрациите. Како што вчера наведе невладината организација ОВД-Инфо, најмалку 400 лица се приведени на протестите само во Москва. Околу 300 лица биле приведени на демонстрациите во Санкт Петербург.

Белата куќа силно го осуди приведувањето на демонстрантите ширум Русија за време на демонстрациите против корупцијата, и побара веднаш да се пуштат на слобода.

„Русите заслужуваат влада кој ќе поддржува еднаквост пред законот и можност за остварување на своите права без страв од одмазда“, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на редовната конференција за печат. Тој рече оти САД ќе ја следат ситуацијата и ќе ја повикаат руската влада веднаш да ги ослободи сите мирни демонстранти.

Russland Proteste für Oppositionsführer Alexei Navalny
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Maximov

И Европскиот парламент (ЕП) и  организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешенал ја критикуваа Русија. Претседателот на ЕП, Антонио Тајани изрази „загриженост“ поради затворањето на Навални. Амнести пак говори за „алармантни сцени“ и го критикуваше насилството против демонстрантите.

Навални организирше големи демонстрации и на 26 март годинава кога на улиците излегоа десетици илјади луѓе. Тогаш полицијата приведе над 1000 луѓе, меѓу кои и самиот Навални кој помина 15 дена во притвор.