1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Јапонија и‘ се заканува губење на битката

16 март 2011

По хаваријата, јапонската атомска централа Фукушима речиси веќе не е под контрола. Царот Акихито во директно обраќање до нацијата побара луѓето да си помагаат едни на други во тешките моменти.

https://p.dw.com/p/10aU3
Растот на радиоактивноста предизвикува загриженостФотографија: AP

Во од земјотресот и цунами катастрофално погодената Јапонија стручњаците за атомска енергија се‘ повеќе ја губат контролата врз атомската централа Фукушима. Денеска во момент радиоактивното зрачење опасно по живот во близина на реакторите достигна ново рекордно високо ниво. Измерено било зрачење од илјада милисиверти на час, само за споредба, доза од 100 милисиверти годишно предизвикува рак кај човекот.

Поради опасноста преостанатите 50 техничари мораа да ги прекинат работите на ладењето на оштетените реактори. Владиниот портарол Јукио Едано изјави:

„Зрачењето кај реакторот 3 е толку големо што работниците не смеат да останат таму“.

Japan / Atomkraftwerk / Fukushima / Block 3
Блокот три во нуклеарката ФукушимаФотографија: AP

Тие привремено го напуштија од неколкуте експлозии и пожари опустошениот комплекс. Откако вредностите на радиоактивното зрачење се намалија, тие можеа повторно да се вратат на работа.

Владиниот портарол Јукио Едано соопшти дека е можно да дошло до оштетување на важната внатрешна обвивка на реакторот 3.

Фирмата која ја води атомската централа Фукушима, ТЕПКО, размислува таму со водени топови да врши ладење на реакторите. Според експертите меѓутоа сите досегашни предложени решенија се само очајнички последни обиди.

Критики на сметка на ТЕПКО и на владата

Меѓународната агенција за атомска енергија првпат покажа загриженост од ситуацијата во Јапонија и побара подетални информации. Во јапонските медиуми започнаа критики на политиката на информирање на фирмата ТЕПКО и на премиерот Наото Кан. Царот Акихито, кој ретко се јавува во јавноста, имаше директно обраќање до нацијата. Тој изрази загриженост од последиците на тешкиот земјотрес, од досега невидени размери и надеж дека ќе бидат спасени колку што е можно повеќе луѓе. Од преживеаните царот побара да не ја губат надежта и меѓусебно да си помагаат.

Japan Katastrophe Kaiser Akihito Fernsehansprache
Јапонскиот цар АкихитоФотографија: AP

Не се знае точниот број настрадани

Во од земјотресот и цунамито опустошениот североисточен дел од Јапонија досега официјално има 4200 загинати, бројот на оние кои се водат за исчезнати е најмалку 12 илјади. 440 илјади луѓе се наоѓаат во прифатни центри, во кои има недостиг на вода и храна. Околу 850 илјади домаќинства се без струја и греење на температури под нулата.

Автор: ЖА/БГ/дпа/дв/ртре

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи