1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На преговори без заеднички став за името

7 октомври 2008

Државно- владиниот врв и лидерите на парламентарните политички партии во Македонија не успеаја да договорат заеднички став пред денешната нова рунда преговори за името во Њујорк. Несогласувањето е околу двојната формула.

https://p.dw.com/p/FVI9
Нимиц на една од претходните средби со македонскиот врв во СкопјеФотографија: Macedonian Information Agency

Посредникот во грчко македонскиот спор, Метју Нимиц, во Њујорк ќе го презентира најновиот и веројатно последен план за решавање на спорот околу името. Владиниот претставник Мартин Протуѓер побарал средба со Нимиц насамо, откако претходно со амбасадоорт Димитров, човек од доверба на шефот на државата, ќе го добијат заеднички документот со предлогот за името. Каква порака од македонскиот премиер Никола Груевски ќе остави до Нимиц шефот на неговиот кабинет, не се знае. Но, и овој чекор зборува за растечката недоверба меѓу врвните политичари во Скопје.

Поделеност кај раководството

Македонскиот преговарачки тандем во Њујорк отпатува без единствен став од државно - владиниот врв. Лидерите на политичките партии вчера не договорија заеднички став во однос на името.

ВМРО ДПМНЕ и нејзините помали коалициони партнери биле за двојната формула како преговарачка позиција на Македонија.

Mazedonien Skopje Politik
Лидерската средба во последен момент беше во поширок составФотографија: MIA

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски пак бил против тој став, кој според него е во контрадикторност со целиот процес на преговарањето.

Предложени биле пет заклучоци: реафирмирање на ставовите за НАТО и Евро интеграциите; Македонија да остане активна во преговорите за името со Грција; двојната формула има политичка тежина како разумен компромис; македонските преговарачи да не бидат овластени да прифатат било какво решение со кое се загрозува македонскиот национален идентитет; лидерите на политичките партии се согласни евентуалниот конечен предлог да биде ставен на референдум. Но, заклучоците сепак не се усвоени.

Иако првично лидерската средба беше предвидена за четирите најголеми партии, премиерот Груевски ги повикал сите парламентарни партии. Поради ова ДПА не учествуваше на лидерската средба. ДУИ пак најавила поддршка на решение постигнато со консензус меѓу политичките партии од македонскиот етнички блок.