1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На карневалот во Вевчани, маските до дефилето - строга тајна

Милчо Јованоски13 јануари 2016

Василица или Нова година по стариот верски календар за Вевчани значи нова возбуда и ново карневалско доживување. Маските на театарот под снежно небо и годинава беа одраз и огледало на животот и секојдневието.

https://p.dw.com/p/1HcWL
Фотографија: DW/M. Jovanovski

„Вевчанци каде и да се на овој ден му се враќаат на родното огниште. Тие живеат за овие денови кога под маски и топла ракија и црно вино и се навраќаат на традицијата стара со векови. Цела година мислат на поединечните или групни маски. Тоа ги теара да се инвентивни, свои и до израз да дојде нивниот непокор и горделивост,“ вели за Дојче веле новинарот и публицист Мишо Китаноски.

Mazedonien Karneval in Vevcani 2016
Фотографија: DW/M. Jovanovski

Карневалот е спој на паганството и христијанството а пораката е да се искорени злото и да победи доброто.Ни дождот не ги спречи маскираните , ниту пак публиката да излезат на главните улици и да го поздрават дефилето на двете васличарски тајфи од Долна и Горна маала со зетот, невестата , двата ѓаволи , Глупавиот Август и стотиците маски инсприрани од актуелните политички но и други настани во Македонија и во светот.

Mazedonien Karneval in Vevcani 2016
Фотографија: DW/M. Jovanovski

Креативноста и инвентивноста кај вевчанци не изостана и годинава. Карневалот го отворија терористите од ИСИС, стигнаа и бомбите на Заев, руските Бабушки, мисицата Дунавка Трифуновска , палмите на Коце и Грујо, реформите во здравството и ред други маски кои го отсликаа времето во кое живее Македонија и светот.

Карневалот го отвори заменик министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ,а градоначалникот Цветомир Угриноски за вечерва, најави забава со Есма Реџепова и Наум Петрески.

Mazedonien Karneval in Vevcani 2016
Фотографија: DW/M. Jovanovski

На полноќ василичарите започнуваат со посета на секоја куќа во Вевчани и на домаќините кои слават именден им го честитаат. Утре, невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори полнат вода и прават кашаник со паричка. Оној што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде среќен цела година. Палењето на маските и василичарското оро ќе го означат крајот на манифестацијата.