1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На бегалците им треба работа

Дагмар Циндел/Ж.А.23 ноември 2015

Годинава во Германија стигнаа околу 800.000 бегалци. Владее бурна дискусија околу ограничување на бројот. Други мислат поинаку: треба да им се даде работа. Сарториус, фирма од Гетинген даде свој придонес.

https://p.dw.com/p/1HAmw
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle

Неговата пракса трае три месеци и Мохамед Алхусеин е среќен што ја доби.

Тој веќе може да работи, зашто пред бегството од Сирија, почнал студии по хемија и инженерство. Кога овде во лабораторијата во Сарториус има јазични проблеми, помага колега кој зборува и арапски.

Мохамад Алхусеин истакнува:

„Отсекогаш сонував да работам во лабораторија и да ја следам работата во ваква голема фирма. Овде запознав многу љубезни луѓе и од нив доста научив."

Сарториус е биотехнолошко претпријатие кое живее од извозот во цел свет. Вработени се луѓе од 35 нации. Пракса моментно вршат 12 бегалци. Бројот на бегалци во Германија силно расте, па и овде владее дилемата дали ќе се успее со толку луѓе. Зашто, за обука не требаат само пари, туку и време. Сепак, фирмата не се определува за изолација.

Погледнете го видеото:

Бегалците како работна сила

Јоахим Кројцбург, директор на Сарториус, вели:

„Дискусијата околу тоа што може да се постигне во одредено време, е сосем оправдана. Но, обратно, сметам дека треба да сме отворени во основа кон квалитет, а не треба да се отфрли ни поседувањето соодветно законодавство за азилот."

Попладне се оди во училиште на часови по германски. Покрај стручната квалификација, тоа е најважното, се верува во Сарториус, па затоа се финансира јазичната настава.

Атентатите во Париз ја шокираа наставничката. Речиси сите во практикантската група се муслимани. Сега се загрижени поради можен пораст на предрасуди.

Мохамад Алхусеин, бегалецот од Сирија потенцира:

„Дојдовме во Германија за да живееме во мир и да почнеме нов живот. Не дојдовме за да водиме војна или да правиме проблеми. Не сме тука за тоа."

Мохамад веќе 10 месеци е во Германија и е високомотивиран. Следната година сака да почне образование низ работа и да продолжи во својата професија од соништата. Има добри шанси, ако продолжи како досега. Нему штотуку му е одобрен азиланстскиостатус.