1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музичкиот свет тагува по поп-легендата Принц

Штефан Ниман/Ж.А.22 април 2016

Неговата музика електризираше милиони луѓе, а Принц важеше за еден од најдобрите мајстори на живиот настап. Музичарот ненадејно почина на возраст од 57 години на својот имот во Минесота.

https://p.dw.com/p/1IagA
Фотографија: Reuters/A. Kelly

Таков го сакаа неговите обожуватели: „откачен“ и самоуверен. Принц Роџер Нелсон беше мал по раст човек, но со огромно его. Роден во Минеаполис како син на еден пијанист и една џез-пејачка, тој достигна до самиот врв на популарноста во музичката бранша во САД. Компонираше, свиреше бројни инструменти, беше шоу-гениј и исклучително успешен продуцент.

USA Sänger Prince bei American Idol in Kalifornien
Фотографија: Reuters/C. Pizzello

Својот најголем комерцијален триумф Принц го забележа во 1984 година со албумот „Пурпурен дожд“, за кој доби две Греми награди.

Неговото мртво тело беше најдено вчера (21.04.2016) во неговата приватна куќа во Минесота, а причината за смртта не е се‘уште позната. Музичката легенда Принц минатата недела се жалеше на здравствени проблеми и на враќање од еден концерт морал да побара лекарска помош, наводно поради грип.

Режисерот Спајк Ли организираше улична забава Њујорк, САД во чест на починатиот Принц. Околу илјада луѓе играа и се забавуваа на музиката на славниот музичар кој почина во четвртокот во 57-та година од животот.
Спајк Ли ја предводеше забавата од своето седиште во Бруклин.

Погледнете го видеото:

Забава во чест на Принц во Бруклин