1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мрачни прогнози за Украина

К. Швајцер/бг24 август 2015

Грција не е единствената земја со економски проблеми. Украина се наоѓа на раб на државен банкрот и се надева на отпис на долговите. Воениот конфликт со Русија ја турна земјата на колена, но тоа не е единствениот проблем.

https://p.dw.com/p/1GKfQ
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Supinsky

Многу ламби од една украинска фабрика порано одеа за Русија, но сега границите се затворени. Домашниот пазар веќе не постои. А за Европа продуктите немаат сертификат и не можат да се продаваат. Типичен случај. Од 12 илјади работни места, останаа само илјада, а наскоро можеби светлата целосно ќе се изгаснат. Прогнозите на ММФ за Украина се мрачни.

Економијата годинава ќе забележи пад од 9 проценти.

Инфлацијата до крајот на годинава ќе достигне 46 проценти.

Државниот долг ќе достигне речиси 100 проценти од економското постигнување.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Мрачни прогнози за Украина

Главна причина за кризата е конфликтот со Русија. Соседот не беше само најважниот извозен пазар, туку во кризните региони се наоѓа и срцето на украинската индустрија.

Но тоа не е единствената причина за кризата, сметаат набљудувачите.

Од ветените реформи од Киев досега малку е спроведено. Сивата економија и корупцијата сѐ уште го кочат економскиот развој. Олигарсите доминираат со земјата. Во таква ситуација тешко е да се очекуваат странски инвестиции.

Притоа претстои многу работа: целата земја има голема потреба од инвестиции. ММФ заедно со меѓународните партнери размислува за пакет помош во вредност од 40 милијарди долари. Но, наместо раст на економските врски со западните соседи, засега растат само долговите.