1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите католици на собир во Мадрид

16 август 2011

Во Мадрид денеска започнува манифестацијата Светскиот ден на младите католици. Оваа манифестација се оддржува секоја втора година.

https://p.dw.com/p/12H45
Фотографија: Fotolia/Nmedia/Anette Linnea Rasmus/DW Fotomontage

Според информации од црквата, за Светскиот ден на младите католици се пријавени околу 400 илјади учесници. Од Германија за Шпанија отпатуваа над 17 илјади млади.

Папата Бенедикт Шеснаесетти се очекува да пристигне во Мадрид в четврток. Манифестацијата ќе трае до в недела, кога се очекува завршната миса да собере над еден милион посетители.

Мотото годинава гласи: „Втемелени во Христос, цврсти во верата“. Светските денови на младите католици се одржуваат секоја втора година. Нивен иницијатор беше претходникот на папата Бенедикт Шеснаесетти, папата Јован Павле втори.

Автор: ЖА/АТ/дв

Редактор: Трајче Тосев