1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мистериозни закани со бомби во Русија

ЕМФ / дв
18 септември 2017

Серија анонимни терористички закани во Русија предизвика евакуација на илјадници луѓе. Додека истрагата се обидува да ја реши загатката, се множат теории на заговор.

https://p.dw.com/p/2kC6t
Russland Moskau - Evakuierung nach Bombendrohung
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/V. Sharifulin

Во Москва беа евакуирани повеќе од десет стоковни куќи, меѓу кои и шопинг-центар во непосредна близина на Кремљ, јави агенцијата Интерфакс. Во текот на вчерашниот ден биле однесени на безбедно повеќе од 9000 луѓе. Сепак, ниту една од заканите за напад не се обистинила, тврдат руски безбедносни извори.

Од пред една недела во голем број руски градови кружат анонимни закани со напади. Се евакуираат училишта, шопинг-центри, железнички станици и хотели. Бомби не се пронајдени никаде, а позадината на заканите засега е непозната. Само во средата минатата недела во Москва имало повеќе од 100 телефонски повици со закани.

Russland Moskau - Evakuierung nach Bombendrohung
Чувар во стоковната куќа ГУМ во Москва го блокира влезот по добиената закана со бомба (13.09.2017)Фотографија: Reuters/S. Karpukhin

Руските медиуми шпекулираат околу можноста да се работи за вежби на безбедносните служби. Притоа се истакнува фактот дека централните безбедносни органи досега не се изјасниле јавно колу евакуациите. Според други претпоставки во медиумите пак, можеби се работи за хакерски напади. Булеварскиот весник „Комсомолскаја правда“, кој е близок на Кремљ, наводно прсти ги имаат вмешано украински сајбер-воини.

Кремљ ги осуди заканите, нарекувајќи ги телефонски терор. Одговорните мора да бидат пронајдени, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот во Москва. Како што се вели, рускиот претседател Владимир Путин е информиран за состојбата.