1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски: Одлуката од Хаг треба да ја почитуваат и Скопје и Атина

29 март 2011

Надлежноста на Меѓународниот суд на правдата за тужбата на Македонија против Грција е неспорна, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, коментирајќи ја усната расправа што се води во судот во Хаг.

https://p.dw.com/p/10jcS
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио МилошоскиФотографија: DW

Воочи утрешното конечно излагање на контрааргументите на Грција во тужќбата што против неа ја покрена Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во Скопје порача дека очекува одлуката да биде почитувана од двете земји, кои веќе ја признале надлежноста на судот во однос на предметот.

„Нашата позиција и аргументи се многу јасни – овој случај е документиран, овој случај е меѓународно-правен и овој случај се заснова на времената спогодба во којашто изрично е наведено дека кое било прашање, толкување или спор кој може да се појави на билатерална основа, освен политичкиот македонско-грчки спор, е во надлежност на Меѓународниот суд на правдата и токму затоа бевме упатени меѓународно-правно да се обратиме пред ова институција на Обединетите Нации. Цениме дека надлежноста на овој суд е неспорна и дека пресудата која што очекуваме да се случи до крајот на есента би требало да биде почитувана од двете страни како одговорни земји-членки на Обединетите Нации, кои што во меѓувреме и претходно ја признале надлежноста на судот“, изјави Милошоски.

Der mazedonische Außenminister bei der Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland
Милошоски во Меѓународниот суд на правдата во ХагФотографија: MIA

Солидна постапка

Шефот на дипломатијата оцени дека настапот на македонскиот тим пред судот бил издржан и заснован на реални аргументи и случувања.

„Постапката пред Меѓународниот суд на правдата ја цениме за солидна. Беше навистина и задоволство и обврска да ги претставиме нашите аргументи. Сметам дека пристапот кој што македонскиот правен и адвокатски тим го има кон овој

случај беше издржан, заснован на фактографија, на реални случувања и аргументи. Она што очекуваме од Меѓународниот суд на правдата е да биде потврдена правдата, односно во овој случај да нема поразени и победени странки, туку победник да биде меѓународната норма и меѓународното право кое што се однесува на времената спогодба. Тоа цениме дека ќе придонесе за

понатамошно одржување на еден продуктивен баланс и рамнотежа на односите меѓу Македонија и Грција. Истовремено, она што како политичари сме должни да го правиме, ќе продолжиме да го правиме инвестирајќи во еден конструктивен развој на македонско-грчкиот дијалог“, изјави Милошоски.

Министерот беше дециден дека процесот пред судот нема да влијае врз политичките разговори околу спорот со името.

Автор:СН/БГ/макфакс/дв

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема