1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј назначи нов шеф на конзервативците

ЕМФ /агенции
8 јануари 2018

Ториевците имаат нов шеф. Британската премиерка Тереза Меј за нов лидер на својата партија го назначи Брендон Луис, заменик министер за доселување.

https://p.dw.com/p/2qVf1
Großbritannien nach Terroranschlag in London | Premierministerin Theresa May, Rede vor Parlament
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Заменикот министер за доселување Брендон Луис на шефовската позиција во Конзервативната партија доаѓа на местото на Патрик Меклафлин. Луис, исто како и Меклафлин претходно, добива и министерска функција без ресор.

Меј по оставката на својот заменик Демијан Грин има намера да изврши реконструкција на владата. Како можен наследник на Грин се спомнува министерот за здравство Џереми Хант. Грин поднесе оставка во декември поради скандалот околу порнографскиот материјал на неговиот службен компјутер.

Се претпоставува дека во рамки на реконструкцијата нема да бидат допрени „тешкашите“ во владата. Тоа се однесува на министрите кои се занимаваат со Брегзитот, како министерот за надворешни работи Борис Џонсон, министерот за финансии Филип Хемонд, министерот за Брегзит Дејвид дејвис и министерот за трговија Лијам Фокс.

Florenz, David Davies, Philip Hammond und Außenminister Boris Johnson hören Großbritanniens Premierminister Theresa May zu
Дејвид Дејвис, Филип Хемонд и Борис Џонсон (од л. кон д.) веројатно остануваат во владата на МејФотографија: Reuters/J.J.Mitchell

Непосредно пред најавената реконструкција оставка даде британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир. Тој оставката ја образложи со здравствени причини.

Меј за време на викендот најави реконструкција на владата, но не наведе термин за тоа. По губењето на апсолутното мнозинство на изборите во јуни, таа е под притисок. Во анкетите Лабуристичката партија е веќе со еднаков рејтинг како конзервативците.