1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓупартиските тензии- потенцијал за нерегуларни избори

31 март 2011

Веднаш по најавата на датумот за предвремените избори во Македонија, се заостри меѓупартиската реторика. Дури почна да се говори и за потенцијални нерегуларности на изборите. Експертите имаат поделени гледишта за тоа.

https://p.dw.com/p/10lQD
Фотографија: Petr Stojanovski

Не поминаа ниту шест часови откако 5 јуни е најавен за изборен ден, спротивставените челници во македонскиот блок го заострија речникот на меѓусебно испратени пораки.

Премиерот со предупредување до Црвенковски - „изборите ќе поминат фер и слободни, а секое загрозување ќе предизвика остри реакции и казни од институциите“. Синоќа пак, во интервју за ТВ А1, лидерот на СДСМ со директна закана - „ако има и едно фалсификувано ливче, за Груевски, Египет и Тунис ќе му бидат тесни“.

Crvenkovski- Gruevski - Scheffer beim Emofang in Ohrid
Груевски (лево) и Црвенковски (во средина) веќе започнаа со жестоки нападиФотографија: MIA

Консултираните експерти, по овие претпоставени желби за фер и демократски избори и стравувања за нивната регуларност, со поделени гледишта.

Експертите поделени околу можните нерегуларности

Аналитичарот Алберт Муслиу, од невладиниот сектор, оценува дека политичките тензии се зголемени поради одсуството на коректен меѓупартиски дијалог. Тој очекува мирно гласање кај Албанците, жестоки дуели, до инциденти, кај македонскиот електорат, за што главните виновници ќе бараат во лидерствата на традиционалните ривали- СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ.

„Реално недостасува дијалогот и компромисот ние и обична комуникација иреално е да се очекуваат тензии, пред се’ кај македонскиот лекторат нетрпеливоста меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.“

Mazedonien Wahlen 2009
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

Наспроти Муслиу, универзитетскиот професор Јован Кекеновски очекува фер избори, дека во државата постојат демократски капацитети за нивно организирање, а изјавата на Црвенковски, со заканите за таканаречени арапски „Јасмин револуции“, се несреќно избран вокабулар кај првиот соцјалдемократ.

„Оваа несреќно избрана формулација е повеќе страв на Црвенковски од изборниот резултат и анкети кои покажуваат фаворитска позиција на ривалите од ВМРО-ДПМНЕ, но не се исклучува личниот анимозитет да преовлада над интересите на граѓаните. Покрај силен мониторинг, државата има капацитет да спроведе регуларни избори и би било лошо ако партиските суети и лични амбиции бидат на преден план или пак се соочиме со инциденти кои ќе ја нарушат европската перспектива на земјата“, вели Кекеновски.

Шести избори за пет години

За пет години шести избори, два вонредни циклуси на проверка пред електоратот. На што се должи овој политички тренд – бегање пред одговорноста да се решат клучни спорови, пред се’ името или социјалано-економската криза или трка на суети кој кого ќе победи или елиминира од политичката сцена? Одговора Сашо Ордановски, аналитичар од Скопје: „Популистичка власт сака секогаш да обезбеди мобилизација на граѓаните и оттука- секоја година избори“.

Mazedonien Wahlen 2009
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

До почетокот на април би требало да се донесат измените на изборниот законик, а потоа ќе следува самораспуштање на парламентот, што очигледно сега ќе биде само рутина, поради отсуството на опозицијата, наспроти 2008 година кога иницијативата за предвремени избори, што потекна од ДУИ беше повод за вистинска изборна арена. Не е извесно дали ќе се усвои барањето на СДСМ во избирачките одбори да седат по двајца претставници на партиите, наспроти сегашното составување само од кадри од државната управа и администрација.

„Снимањето со камери на завршниот дел од гласањето, од пребројувањето, до записниците, може да ги сведе на минимум шансите за фалсификати и нерегуларности и намали недовербата“, иницира решение Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, владин партнер, како компромисна формула за спротивставените Груевски и Црвенковски.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи