1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меси се збогува од репрезентацијата

ЖА/дпа27 јуни 2016

Лионел Меси одлучи да се повлече од аргентинската фудбалска репрезентација за која настапуваше повеќе од една деценија.

https://p.dw.com/p/1JEBq
Фотографија: Reuters/R. Moraes

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси реши да се повлече од аргентинската фудбалска репрезентација за која настапуваше повеќе од една деценија. Одлуката за збогувањето од репрезентативната кариера фудбалерот на Барселона ја соопшти ненадејно, разочаран по поразот од Чиле во финалето од Копа Америка, одиграно ноќеска во Ист Рутерфорд, САД.

Аргентина загуби на пенали, а Меси не го реализира ударот од 11 метри во првата серија. Дваесет и деветгодишниот Меси посакуваше трофеј со Аргентина, но и по четвртото финале, три на Копа Америка и едно на Мундијалите, не успеа да се искачи на тронот. Меси за Аргентина има одиграно 113 натпревари и постигнато 55 погодоци.

Погледнете го видеото:

Меси се збогува со репрезентативниот дрес