1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Саркози ја предупредија Грција да си ги изврши обврските

13 ноември 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози ја предупредија новата грчка привремена влада да ги исполни сите преземени обврски за да може да ја прими следната транша од кредитот.

https://p.dw.com/p/139q1
Ангела Меркел и Никола СаркозиФотографија: dapd

Еден ден по преземањето на премиерската функција, француско-германската двојка го потсети новиот грчки премиер Лукас Пападимос дека актуелната ситуација е „ургентна“ и дека неговата земја има преземено обврски кои треба да ги почитува, се вели во соопштението издадено од Елисејската палата.

Во телефонската конференција канцеларката Ангела Меркел и претседателот Никола Саркози му порачале на грчкиот премиер Лукас Пападимос дека приоритет е „комплетно спроведување на сите обврски преземени од Грција, посебно тие кои се наоѓаат во договорот постигнат на самитот на Евро-групата на 27 октомври“.

Papademos neuer griechischer Ministerpräsident
На потег е Лукас ПападимосФотографија: dapd

Договорот во Брисел во јули, дополнет на крајот од октомври, предвидува отпишување на 50 отсто од грчките долгови од страна на приватните доверители и нови кредити од сто милијарди евра за земјата на која и‘ се заканува банкрот. Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос се надева на скоро добивање на следната транша од меѓународната финансиска помош. Мора да биде перезмено се‘ за Евро-групата на 17 декември да ја исплати траншата во износ од осум милијарди евра, изјави тој.

Никола Саркози и Ангела Меркел меѓутоа истакнаа дека идната рата на помошта нема да и‘ биде дадена на Грција, се‘ додека не биде направен одлучувачки чекор во насока на почитување на обврските.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв

Редактор: Е.М. Фиданоска