1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерилин Монро: Мит, муза, легенда

ЕМФ1 јуни 2016

Мерилин Монро глумеше наивна русокоса само во филмовите. Таа беше не само убава, туку и интелигентна и полна со дух.

https://p.dw.com/p/1Iy6n
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Rain

Да беше жива, денеска ќе наполнеше 90 години. Но, филмската икона и секс симбол Мерилин Монро, родена како Норма Џин Бејкер, од овој свет си замина уште во 1962 година. Измачувана од психички проблеми таа се повлекуваше сѐ повеќе од јавноста, за на крајот да почине од преголема доза таблети. Сепак, светот не само што не ја заборави, туку таа со текот на времето си обезбеди сигурно место во легендите. Кариерата ја почнува како фото-модел, а потоа добива споредна улога во Холивуд. Пробив постигнува со споредната улога во филмот „Џунгла на асфалтот“. Една од најуспешните филмски ѕвезди во 1950-тите станува со филмовите како „Нијагара“, „Некои тоа го сакаат жешко“ или „Мажите повеќе сакаат русокоси“.

Мерилин Монро глумеше наивна русокоса само во филмовите. Таа беше не само убава, туку и интелигентна и полна со дух. Пријатен ден ќе ви посакаме со еден цитат од легендарната Мерилин:

„Несовршенството е убавина, лудилото е генијалност и подобро е да бидеш апсолутно смешен отколку апсолутно здодевен.“