1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меланија Трамп- Прва дама на САД од Европа?

Сузане Даус/сн30 април 2016

Поранешниот словенечки модел Меланија Трамп би можела да стане прва европска „Прва дама“ на САД по речиси 200 години.

https://p.dw.com/p/1IfMI
Фотографија: picture-alliance/newscom/O. Douliery

Неверојатен напредок на девојката од Севница, словенечкото градче недалеку од Кршко предизвика бура во тој регион. Телевизиските екипи ја снимаат бетонската зграда од 1960-ти години во која израснале Меланија Кнавс и нејзината сестра Инес. Во дворецот Град Севница градоначалникот Среќко Оцвир не го крие задоволството: „Ние сме малку настрана од главните сообраќајници, ама сега доаѓаат повеќе луѓе. Меланија е пример за младите девојки. Таа покажува што се може да се постигне“.

И родителите на Меланија Трамп живеат во САД, вели градоначалникот, но редовно доаѓаат на годишен одмор во Севница и сѐ уште се добро поврзани со тукашните луѓе. Долу во центарот на градот, близу реката Сава, секој знае за Меланија Трамп.

Sevnica Heimatdorf Melania Trump Ehefrau von Donald Trump
Фотографија: DW/S. Daus

Татко ѝ бил комунист?

Словенија ја обзема треска поради Меланија. За неа се објавуваат и книги. Поранешниот пратеник во парламентот Игор Омерза и новинарот Бојан Позар напишаа биографија за Меланија Трамп, Според нивните истражувања, шпекулациите дека нејзиниот татко Виктор бил член на Комунистичката партија се точни. Тоа е чувствителна тема за американските републиканци, ама сигурно не е маана за ќерката. „Виктор Кнавс бил активен комунист, влегол во партијата бидејќи така можел да напредува“, вели Омерза и додава „меланија и нејзината сестра израснале во добри услови. Родителите многу се грижеле за своите ќерки“.

Сеќавања на наводниот пријател од младоста

Словенија има околу два милиона жители. Затоа сега во јавноста се појавуваат сите кои тврдат дека подобро ја познавале Меланија Кнавс, да речеме 47-годишниот маркетинг стручњак Петер Бутолн. Тој вели дека ѝ бил првото момче. наводно се апознале во Љубљана и меѓудругото се возеле на скутер. Тој наскоро има намера тој скутер да го продаде на аукција. „Беше мирна, нормална девојка, не беше 'дигната'“, вели Бутолн. Покажува разгледница на која е потпишана 16-годишната Меланија, која наводно таа му ја испратија додека за време на распустот била на јадранот со родителите. Изгубиле контакт кога тој отушол во војска, вели Бутолн, кој денес е оженет и има деца.

Sevnica Heimatdorf Melania Trump Ehefrau von Donald Trump Autor Igor Omerza
Игор Омерза, биограф на Меланиа ТрампФотографија: DW/S. Daus

Ја открил Стане Јерко:„Го препознав нејзиниот потенцијал!“

„Имаше прекрасни долги нозе и убава руса коса“, со воодушевување раскажува 79-годишниот Стане Јерко, пионер на модната фотографија во поранешна Југославија. Тој тогаш ја открил 17-годишната Меланија, кога во Љубљана избирал нови модели. По првите студиски снимки во 1987 година, таа се концентрирала на училиштето и повеќе немала време за снимање, вели Јерко. Но, нејзините фотографии и овозможиле контакт со модните агенции. Младата Словенка така започнала да работи во Милано и во Париз.

USA Los Angeles Melania Trump Sohn Barron (r) , Donald Trump
Фотографија: imago/UPI Photo

Сигурно дека врвен модел не е затоа што била повлечена и ретко одела на забави, смета Стане Јерко. „Таа водеше сметка за своето здравје, за своето тело. Кога во 90-те години замина во САД ја задржа работната дисциплина. Преку една манекенка со која се дружеше е повикана на модна ревија , на која го запознала Доналд Трамп. Мислам дека како Прва дама на САД таа би станала модна икона“, вели Јерко. „Како Џеки Кенеди или Мишел Обама“.

Сопствена колекција на накит и козметика

Меланија Трамп денес покрај сопругот ужива во конфор и луксуз. Живеат во Њујорк во луксузниот стан на највисокиот кат на „Трамп тауер“, заедно со нивниот син Барон. иако Меланија, која наскоро ќе наполни 46 години, вели дека ѝ се допаѓа дека е „мајка со полно работно време“, таа сепак има време и за сопствените колекции за накит и козметика.

Sevnica Heimatdorf Melania Trump Ehefrau von Donald Trump
Фотографија: DW/S. Daus

Во Словенија доаѓа ретко, но Словенците одат во САД. „Кога во 2006 година ја претставував својата земја на изборот за Мис Универзум ги запознав Меланија и Доналд во Лос Анѓелес“, се сеќава Наташа Пиноза. „Види, тука е некој од твојата земја од Севница“, наводно рекол Доналд Трамп, а Меланија веднаш ѝ се обратила на словенечки. Тоа за Наташа Пиноза е добар спомен.