1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меккејн: патриот од стар ков

4 ноември 2008

72-годишниот Џон Меккејн не стана најстариот избран претседател во историјата на САД. Тој важеше за аутсајдер во трката со Барак Обама. Меккејн и досега многупати бил прерано отпишуван од игра.

https://p.dw.com/p/FnDZ
Кандидатот на Републиканската партија, Џон МеккејнФотографија: picture-alliance / dpa

„Ниту еден успех во мојот живот не беше остварен без жестока борба“.

Зборовите со кои Џон Меккејн ја прифати кандидатурата за претседател на изборната Конвенција на Републиканската партија се нешто како лично кредо на човекот, кој од малечок е навикнат да се бори. Тој потекнува од семејство на армиски офицери. Неговиот татко и неговиот дедо беа адмирали. Во 1967. година и самиот како пилот мораше да оди во војна во Виетнам. Неговото летало беше соборено и тој заврши во затворите на виетнамските комунистички борци.

Главен внатрепартиски критичар на Џорџ Буш помладиот

Дури во 1973. година тој можеше да се врати дома во САД, каде беше дочекан со највисоки почести и одликуван за воен херој.

„Јас знам од моето лично искуство колку е болно висока цената на војната. Но јас исто така знам дека понекогаш мораме да ја платиме оваа цена, за да одбегнеме еден ден да мораме да плаќаме уште повисока“.

John McCain und Frau Cindy McCain bei einer Wahlkampfveranstaltung in Sarasota
Џон и Сидни Меккејн како симбол на стабилно семејствоФотографија: AP

Меккејн важи за човек, кој сеуште размислува во рамките на категориите од Студената војна. Тој сака да го ограничи влијанието на моќта на Русија и на Кина преку т.н „Лига на демократски нации“. Меккејн ја подржуваше војната во Ирак, иако од самиот почеток жестоко го критикуваше претседателот Џорџ Буп за начинот на кој ја води војната. Оптимизмот со сигурност не е меѓу неговите главни карактерни особини: „Јас се борев за вистинската стратегија и испраќање повеќе трупи во Ирак, уште додека тоа беше се’ друго, само не популарен потег“.

Тоа што по неуспешниот обид во 2000. година повторно му успеја да си ја обезбеди кандидатурата за претседател на САД во неговата Републиканска партија, Меккејн треба да им биде благодарен на околностите, во кои тој важеше за внатрепартиски критичар на непопуларниот претседател Џорџ Буш, и тоа не само за прашањето на ирачката војна, туку и во дискусиите за специјалниот анти-терористички затвор во Гвантанамо на Куба:

„Сенаторе Обама јас не сум претседателот Буш. Ако сакате него да го напаѓате, требаше да се кандидирате пред 4 години. Јас ќе ја водам нашата земја и нејзината економија во сосема нова насока“.

Искуството е главниот адут на Меккејн

Меккејн, кој во споредба со неговиот конкурент Обама има значително послаби говорнички способности и харизма, се обиде за време на кампањата овие недостатоци да ги надомести преку сопственото искуство.

John McCain als Kriegsgefangener in einm Krankenhaus in Hanoi Vietnam 1967
Џон Меккејн како воен затвореник во една болница во Ханој во 1967. годинаФотографија: AP

Веќе четврти пат по ред тој ја застапува неговата сојузна држава Аризона во американскиот сенат. Како водечки член на Комисијата за воените сили, Меккејн долги години учествуваше во оформувањето на одбранбената политика на САД. Од друга трана тој за време на кампањата, што се одвиваше среде финансиската криза во земјата, се обиде со патриотски гестови да го надомести недоволното искуство за економските прашања:

„Ја прекинав мојата кампања и ја ставив мојата татковина на прво место. Дури и ако преговорите за финансискиот пакет за спас на банките пропаднеше во Конгресот, тоа ќе беше исправна одлука. Но, ние не пропаднавме.“

Џон Меккејн е оженет со Синди Меккејн чие моминско презиме е Хензли. Таа е ќерка на богат американски сопственик на пиварници. Меккејн има четири родени деца и една посвоена ќерка од Бангладеш.