1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакр во Србија

ЕМФ/бета/дпа2 јули 2016

Пет лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во селото Житиште кај Зрењанин, кога маж влегол во кафуле и почнал да пука. Се претпоставува дека зад крвавиот пир стојат семејни проблеми.

https://p.dw.com/p/1JHuf
Фотографија: Reuters/Courtesy of N1

Според српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, напаѓачот З.С. (38) од Житиште нема, „ниту една прекршочна, ниту пак кривична пријава, како ни пријава за семејно насилство, ниту што било друго што би укажувало дека би можело да се случи таква трагедија“.

„Тој ноќеска, околу еден часот и триесет минути, со автоматска пушка, која ја поседувал илегално, со пофеќе рафали усмртил пет лица, а ранил 20. Мештаните кои биле во кафулето успеале да му ја земат пушката и тој почнал да бега“, изјави Стефановиќ за Радиотелевизија Србија (РТС). Министерот додаде и дека полицијата го фатила напаѓачот и го однесла во полициска станица.

З.С. прво ја убил својата сопруга и уште едно женско лица, по што продолжил да пука. Како што јави РТС, меѓу 23-те повредени лица има и тројца малолетници. Директорката на болницата во Зрењанин Гордана Козловачки информираше дека шестмина од повредените се со средни или лесни повреди, додека останатите имаат тешки повреди.

Жителите на селото, кое се наоѓа на околу 80 километри оддалеченост од Белград, го опишуваат З.С. како „мирен и повлечен“. Тој пред половина година се разделил од сопругата, што веројатно не го преболел, јави телевизијата Б92.

Од утре во општината Житиште е прогласена тридневна жалост поради трагедијата.

Погледнете како изгледа денеска местото на крвавиот пир:

Масакр во Србија