1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Мароканците се против тероризам

Стефани Милер
22 август 2017

Во различни терористички напади годинава беа вмешани Мароканци. Така е и со нападите во Барселона. Нивните сограѓани кои живеат во Шпанија го осудуваат насилството и се дистанцираат од нив.

https://p.dw.com/p/2iZN5
Marokko Flagge
Фотографија: picture-alliance/dpa/Sputnik/N. Seliverstova

Во летниот период Мароканците кои живеат во Шпанија, па и оние кои се родени таму, речиси сите се во посета на семејствата во Мароко. Ова е и поради тоа што многу компании прогласија одмор поради високите температури во земјата. Во автомобилите натоварени со храна и пред се производи кои ги нема во Мароко, имигрантите патуваат кон Алгецирас или Кадиз. Оттаму се качуваат на ферибот за Мароко. Во нивата земја носат малку од она што го заработиле во Шпанија.

Овие билатерални односи фукнционираат со векови. Политички не се во љубов, бидејќи Шпанија со Цеута и Мелиља сеуште има две енклави на мароканска територија. Но, настрана од политичката ситуација Мароканците во Шпанија лесно можат да најдат работа во градежната индустрија или во гастрономијата.

Најдобриот марокански ресторан во градот

И родителите на Хаџиба Хабан пред 17 години дошле во Мадрид во потрага за подобар живот. Но, не си ја заборавиле татковината и секое лето се враќаат назад. Хаџиба годинава не замина. Оваа дваесет годишна девојка работи во „Алмунија“, најдобриот марокански ресторан во градот, каде секој ден среќава многу туристи, но и Шпанци. „Терористичките напади во Барселона во кои се вмешани наши сограѓани, многу ме растажуваат. Но, од друга страна верувам дека се работи за поединци, лудаци кои немаат ништо заедничко со Мароко", вели оваа девојка.

Оваа Мароканка ја сака Шпанија, и покрај многуте расистички реакции кои ги има доживеано, „пред се на училиште". Таа не оди во џамија бидејќи нема време за тоа, но понекогаш ја посетува „Арапската куќа" – која е културен центар. Таа е интелегентна млада девојка, многу реална и критична: „Знам дека Мароко не е вистинска демократија, и дека никој кој живеел овде не би сакал да се врати таму. Но, сметам дека исто така и некои Мароканци кои живеат во Шпанија се фрустрирани поради тоа што се лошо платени или поради растистички третман. Но, тоа не оправдува никаков вид на насилство, и атентатите во Барселона немаат никаква врска со Ислам".

Spanien Nach Terroranschlag in Barcelona Polizisten
Фотографија: picture-alliance/Kyodo/MAXPPP

Исламските културни центри нудат помош

Ист став делат и претставниците на различни религиозни центри во Мадрид кои во неделата се собраа на централниот плоштад во Мадрид за јавно да го осудат тероризмот: „Најдлабоко ги осудуваме ваквите напади", изјави пред насобраните Мимун Амри, претседател на исламскиот Културен центар во Фуенлабрада кај Мадрид. И во Барселона многу муслимани дадоа изјави за медиумите, често и низ солзи, во кои и се заблагодаруваат на Шпанија за гостопримството.

Мимун Амри најави дека исламската заедница во Шпанија ќе стори се за да помогне во истрагата поврзана со атентатите. Но, човек треба да се заштити од исламофобија, изјави новинарката Аманда Фигерас, која е муслиманка: „Ние верниците сме жртви на тероризмот, бидејќи омразата кон нашата религија се зголемува со ваквите напади. Тоа не смее да се заборави."

Мароканците се добро интегрирани во Шпанија

Пред финансиската криза во Шпанија, луѓето од Магреб беа главната група доселеници. Меѓу 2003 и 2013 година бројот на доселеници дупло се зголеми, од околу 400.000 на 800.000. Во меѓувреме Романците ги престигнаа Мароканците кои беа најсилната доселеничка група во Шпанија. Најголемиот дел од Марокаците се добро интегрирани во земјата што се должи на добро познавање на јазикот и живеат во различни делови. Во Шпанија нема гета на странци како во други земји.

Spanien Moschee in Madrid
Фотографија: picture-alliance/AA/E. Aydin

Мароканските доселеници во Шпанија се главно мажи, речиси 64%. Главната цел за доселување е подобра заработувачка. И готвачите Абдул и Рашид одамна живеат во Шпанија. Тие работат во еден италијански ресторан во Ла Роха, на 20 минути одалеченост од Мадрид. Тие ги сакаат Шпанците. Секоја година одат во посета на семејствата на северот од Мароко. „Секако дека се срамиме, од вакви настани како во Барселона, бидејќи името Мароко и ислам повторно се споменуваат во негативна конотација." Двајцата се верници, и поради тоа ваквите терористички акти многу ги вознемируваат: „Со ова се валка целата наша култура и се во кое веруваме."

Шпанија – отворена земја

Во Мадрид, на автопатот М30 се наоѓа една од најголемите џамии во Европа. Тука одат на молитва многу верници Мароканци. По нападите на возовите во Мадрид во март 2004 година, Исламскиот културен центар тогаш беше во центарот на истрагата. Но, оттогаш многу нешта се променија. Исламот во Шпанија се отвори, интересот кај Шпанците за муслиманството расте. Благодарение и на корисни информации лиферувани преку медиумите, досега имало малку насилни напади против Мароканци.

Alte Post Refugees welcome
Фотографија: Stefanie Müller

На старата пошта во Мадрид, од 2015 година стои напис „Добредојдовте бегалци", кој има за цел да покаже дека главниот град е гостопримлив за странци, иако де факто во него има само околу 1400 бегалци. Хаџиба Хабан, младата девојка од ресторанот, секогаш се насмевнува кога ќе помине покрај овој слоган. Тоа прави убаво да се чувствувате. Таа се чуствува и како Шпанка и како Мароканка – и многу се гордее што наскоро сака да студира на економски факултет во Мадрид.