1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марин Ле Пен го загуби пратеничкиот имунитет

СН/ агенции
2 март 2017

На француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен ѝ беше одземен пратеничкиот имунитет во Европскиот парламент поради објавување шокантни фотографии на социјалните мрежи.

https://p.dw.com/p/2YWFr
Frankreich Marine Le Pen in Le Mont-Saint-Michel
Фотографија: Reuters/S. Mahe

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) денеска во големо мнозинство гласаа за укинување на имунитетот на француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен поради објавување на фотографии на Твитер на кои е прикажано насилство на Исламската држава (ИД).

Ле Пен која го предводи својата партија Национален Фронт во Европарламентот на својот профил на Твитер на крајот на 2015 година постави три фотографии од егзекуции кои Исламска држава ги изврши во декември истата година, вклучително и обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли. Ле Пен со објавувањето реагираше на извештаите на една телевизиска станица, која нејзината партија ја спореди со Исламската држава. Над објавените слики во твитот Ле Пен тогаш напиша „Ова е ИД“. Подоцна тој твит беше избришан од нејзиниот профил.

Brüssel Europäisches Parlament Abstimmung Roaming-Gebühren
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

На денешното гласање во Европскиот парламент е потврдена прелиминарната одлука која во вторникот ја донесе комитетот за правни прашања на ЕП. Ле Пен, европратеничкиот имунитет ја заштитува од кривичен прогон. Со неговото укинување, меѓутоа, се отвора можност за покренување на казнена постапка против 48-годишната популистичка политичарка

Таа би можела да одговара за казненото дело „објавување на насилни фотографии“, кое под одредени околности повлекува казна од три години затвор и парична казна од 75 илјади евра. Француското правосудство започна истрага за постапките на Ле Пен. Исто така и родителите на Фоли изразија ужаснатост од објавувањето на фотографиите.