Во Македонија постојано се кршат и злоупотребуваат работничките права. Во изминатиот период имаше бројни работнички протести, најчесто за неисплатени плати, придонеси и К-15. Иако законот предвидува казни за фирмите, во пракса најчесто нив ги нема, како ни исплата на заостанати плати за голем број работници.